Градот Атина (, Athênai; за време на класичниот период на Стара Грција (480–323 п.н.е.) Democracy and knowledge: innovation and learning in classical Athens by Josiah Ober p. 40 (2008) бил најголемиот урбан центар на значајниот истоимен полис (град-држава), сместен во Атика, Грција, ја предводел Делијанската лига во Пелопонеската војна против Спарта и Пелопонеската лига . Атинската демократија била воспоставена во 508 година п.н.е. под власта на Клистен по тиранијата на Исагора. Овој систем останал неверојатно стабилен и со неколку кратки прекини останал на сила 180 години, сè до 322 година п.н.е. (после Ламиската војна). Врвот на атинската хегемонија бил постигнат во 440-ти до 430-ти години п.н.е., познат како ера на Перикле.

Во класичниот период, Атина била центар на уметност, учење и филозофија, дом на Академијата на Платон и Аристотеловиот лицеј, Атина била и родното место на Сократ, Платон, Перикле, Аристофан, Софокле, и многу други истакнати филозофи, писатели и политичари од античкиот свет. Нашироко се нарекува лулка на западната цивилизација и родно место на демократијата главно поради влијанието на нејзините културни и политички достигнувања во текот на 5 и 4 век п.н.е. врз остатокот од тогаш познатиот европски континент.

Поврзано Атинска демократија Платонова Академија Жените во Стара Атина

Наводи

Категорија:Стара Атина Категорија:Статии со текст на старогрчки