Момче со меч – слика од францускиот сликар Едуар Мане, насликана во 1861 година, а денес е изложена во музејот Метрополитен во Њујорк. На сликата е прикажано мало момче облечено како паж на Шпанскиот двор во седумнаесеттиот век. Момчето држи меч и појас за мечот. Делото подоцна било репродуцирано како бакропис од дижонскиот сликар и бакрописец Алфонс Легро.

Според Емил Зола, сликата е типична за влијанието на шпанските сликари и го прикажува силното влијание на Диего Веласкес и Франс Халс врз Мане во тоа време.

Модел на уметникот му бил Леон Леноф, посинок на уметникот по неговиот брак со Сузан во 1862 година.

Наводи

Категорија:Слики од 1861 година Категорија:Слики од Едуар Мане Категорија:Слики од Музејот Метрополитен