„Бојот започна браќа“ — македонска народна песна. Песната е посветена на костурските комитите кои во песната биле нападнати од голема војска. Песната е од ајдутски и патриотска карактер.
Текст -Бојот започна браќа, војска се собира. Војска се собира, браќа, три илјади души, три илјади души браќа, во Костурско Поле.
Горите фучат, браќа, бурите стигаат, војска се собира, браќа, ѓолот да сардисаат. Комити да фатат, браќа и да ги истепаат.
Пушките пукаја, браќа, рибите бегаја. Топовите грмат, браќа, земјата гореше, топовите светат, браќа, како јасно сонце.
Трева си јадевме, браќа, тага живувахме, песни си пејавме, браќа. за наш'та слобода. За наш'та слобода, браќа, за Македонија.
Надворешни врски Бојот започна браќа (текст и музика) на pesna.org преку web.archive.org
Категорија:Македонски народни песни Категорија:Македонски родољубиви песни