СУГС „8ми Септември“ (целосно име: Средно училиште на Град Скопје „8ми Септември“; познато и како: „ЕМУЦ“) — средно училиште во Скопје, Општина Гази Баба. Училиштето е наречено по Денот на независноста на Македонија.
Историја Средното училиште „8 Септември“ постои од 2000 година, кога со одлука на Владата на Република Македонија, биле обединети трите поранешни средни училишта: ЕМУЦ „Никола Тесла“, МУ „Гоце Делчев“ и ГМЦ „Чеде Филиповски - Даме“.
ЕМУЦ „Никола Тесла“ е едно од најстарите средни стручни училишта во Македонија, основано во раните 1950-ти години. Во него се школувале ученици од електротехничката и машинската струка.
МУ „Гоце Делчев“ првично функционирало во рамките на Заводот за вработување, каде што била вршена преквалификација и стручно оспособување на возрасни за машинската струка. Во 1970-тите години, училиштето станало самостојна образовна установа, најпрво под името „13 Ноември“, а подоцна како „Гоце Делчев“.
ГМЦ „Чеде Филиповски - Даме“ било основано по катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, со поддршка на УНЕСКО, со цел образование на кадри од градежната и машинската струка.
Образовни профили: Во училиштето има неколку струки, вклучувајќи машинска, геолошко-рударска и металуршка струка и сообраќајна струка тие се поделени на различни технички смерови. Конкретните профили се следниве:
Машинска струка (4 год. образование):
машински техничар техничар за компјутерско управување машински техничар за моторни возила машинско енергетски техничар Машиснка струка (3 год. образование) :
Заварувач
Oбработувач на метал инсталатер на цевкини водови инсталатер за греење и климатизација
Геолошко-рударска и металуршка струка :
металуршки техничар Сообраќај, траснпорт и складирање :
Ракувач со машини за пренос на материјали
СУГС „Владо Тасевски“ мини|280x280пкс|Главниот влез на СУГС „Владо Тасевски“ во зградата на ЕМУЦ. Во рамките на училиштето се одвива и наставата за албанските паралелки од СУГС „Владо Тасевски“. Од 2004 година, поради просторни капацитети и услови за изведување на наставата во СУГС „Владо Тасевски“, овие паралелки биле префрлени во СУГС „8 Септември“.
Во рамките на албанските паралелки во училиштето се изучуваат насоките техничар за транспорт и шпедиција и Електротехничар за компјутерска техника и автоматика
Наводи
Надворешни врски 8septemvri-sk.mt.net.mk , Мрежно место на училиштето www.schools.edu.mk , Портал за основните и средните училишта во Македонија www.mon.gov.mk , Службено мрежно место на Министерството за образование и наука
Категорија:Средни училишта во Скопје Категорија:Средни училишта во Општина Гази Баба Категорија:Појавено во 2000 година во Македонија