Јагнула Куновска ( година, во Костур - ) — истакната македонска правничка, политичарка и уметник.
Биографија
Родена е во Костур, егејскиот дел на Македонија, во 1943 година. Таа е внука на костурскиот војвода Никола Добролитски. Таа била евакуирана во градот Тетово во НР Македонија во 1948 година како една од многуте политички бегалци од Граѓанската војна во Грција. Завршила право на Скопскиот универзитет. Потоа работела како адвокат во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија.
Во 1990 година, таа станала основач на македонската политичка партија Движење за семакедонска акција (МААК). Таа била поддржувач на кандидатурата на Тито Петковски за Претседател на Република Македонија во 1999 година. Во 2006 година се кандидирала на изборите во скопскиот и кумановскиот регион како дел од Новата социјалдемократска партија. Во 2006 година имало полемика меѓу Куновска и Владо Бучковски која вклучувало тврдења за бугаризација. Во 2007 година ја напуштила Новата социјалдемократска партија и станала член на водечката партија на Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕЈагнула Куновска премина во ВМРО-ДПМНЕ Во текот на 2008 година, таа учествувала во пишувањето на списанието „Македонски духови конаци“.Почина Јагнула Куновска – познатата македонска политичарка и адвокатка
Наводи
Категорија:Луѓе од Костур Категорија:Политичари од Тетово Категорија:Македонски адвокати Категорија:Југословенски адвокати Категорија:Југословенски политичари Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Политичари од ВМРО-ДПМНЕ Категорија:Политичари од НСДП Категорија:Македонски пратеници Категорија:Членови на ДПМ