Крсте Николов Коло(в)ски или Дулев (1839 - 1938) — истакнат македонски зограф и иконописец, претставник на Дебарската школа.

Животопис Роден е во 1839 г. во мијачкото село Лазарополе. Потекнува од големиот зографски род Дулеви (Коловци), чијшто основоположници се дедо му Дуле и татко му Никола Крстев. Крсте изработил икони во црквите „Св. Никола“ во Мраморец и „Св. Ѓорѓи“ во Злести, Тетовско. Негово дело е и иконата на Кирил и Методиј од 1881 година во црквата „Св. Илија“ во Зарово, Солунско.

На влезот на црквата „Св. Атанасиј“ во Рајчица има натпис:

Во 1881, 1883 и 1885 г. заедно Никола Михајлов и Станко Цветков - Мијак од Крушево работел на иконостасот во црквата „Св. Богородица“ во Македонски Брод.

Подоцна Крсте се преселил во Охрид, каде за помошник го зел Серафим Тризла. Често работел со брата си Константин. Ги обучил синовите Рафаил и Русалим, со кои потоа често творел. Во својот тефтер напишал дека во 1890 г. работел со брат му Коста во Софија, каде дале 932 гроша за бои, а оттаму „во Ломско зафаќаме во Сталинска Маала и во Белоградчик“. Во црквата „Св. Петар и Павле“ во Сталиска Маала има икона потпишана и датирана во 1891 г. На оваа необична икона се претставени светците Евстатиј, Трифун и Јулијан како ги држат нивните атрибути: Евстатиј — страк пченка, Трифун — лозарски нож (косир) и лозово гранче, а Јулијан — житни стебла.

Николов како и татко му пред него работел и во Ќустендил и Ќустендилско, како и во Горна Џумаја, Пиринска Македонија. мини|десно|300п|Натписот во црквата „Св. Атанасиј“ во Радиовце со името Крсто Нїколић Во 1895 г. Крсте ги насликал иконите за иконостасите на црквите во струшките села Горна и Долна Белица, потпишувајќи се на грчки (заради патријаршиските правила) како Ставрос Николау.

Иконите во црквата „Св. Богородица“ во Волино се изработени од Крсте Колоски и неговиот син Рафаил. Иконите во црквата „Св. Атанасиј“ во Јудово исто така се негово дело, овојпат заедно со синот Русалим. Фреските се од 1902 г. Околу 1919 г. Крсте заедно со синот Рафаил и Димитар Андонов (Донев) творел во црквата „Св. Атанасиј“ во Радиовце, Тетовско. Во 1920-тите со Рафаил ја живописал новата црква во манастирот „Сите Светители“ во Лешани. Во 1928 г. со Рафаил ја зографисал и црквата „Св. Мина“ во Коњско. Следната 1929 г. двајцата ја живописале „Успение на пресв. Богородица“ во Скребатно, Охридско. мини|240п|Исус Христос во „Св. Никола“, Тетово, 1904 г. Изработена од Крсте со брат му Константин и синот Русалим. Крсте работел и низ Солунско, Тетовско, Ќустендилско, во селската црква во родното Лазарополе, а негови творби се наоѓаат и во цркви на Косово и остатокот од Јужна Србија.

Крсте Колоски починал 1938 година во Лазарополе.

Родословие

Поврзано Дебарска школа

Наводи

Надворешни врски

За животот и делата на Колоски во Македонска нација

Категорија:Македонски иконописци Категорија:Македонски зографи Категорија:Претставници на Дебарската школа Категорија:Родени во 1839 година Категорија:Починати во 1938 година Категорија:Луѓе од Лазарополе