Вилијам Трост-Еконг (роден на 1 септември 1993 година, во Харлем) — нигериски фудбалер роден во Холандија, на и на нигериската репрезентација.
Роден во Холандија, тој е од мешано холандско и нигериско семејство, па имал право да игра за двете земји на репрезентативно ниво. И покрај тоа што играл за младите селекции на Холандија, во 2015 година тој го направил своето деби за сениорската репрезентација на Нигерија и оттогаш е стандарден репрезентативец на оваа земја.
Биографија Билијам Трост-Еконг е роден во Харлем, Холандија, од мајка холанѓанка, Елеанор Трост и татко нигериец. Тој има сестра и брат, Емили и Еверест. Вилијам израснал во Харлем, и потоа во Лондон каде учел средно училиште, но летата ги поминувал во Лагос каде што татко му се вратил по разводот со неговата мајка. Тој започнал да игра фудбал за време на периодот кога престојувал во Англија.
Технички карактеристики Централен одбранбен играч многу силен физички и добар во играта во воздухот, тој е вешт во одбранбени зафати и во поставување на маневри.
Клупска кариера Својата кариера ја започнал во Англија каде играл во младинските категории на Фулам и Тотенхем, пред да се врати во Холандија каде дебитирал како сениор играјќи за Гронинген и Дордрехт.
Откако бил поврзан со трансфер во многу екипи меѓу кои и Селтик, тој потпишал за белгискиот клуб Гент во јули 2015 година и веднаш бил позајмен на норвешкиот клуб Хаугесунд. Во норвешката екипа, тој се покажал како многу значаен играч за клубот помагајќи му да обезбеди опстанок во неговата прва сезона. Во февруари 2016, тој бил назначен за капитен на Хаугесунд и го водел својот тим до четвртата позиција во првенството на крајот на сезоната и пласман во Лигата на Европа.
Во јануари 2017, Трост-Еконг се вратил во Гент, но откако не успеал да се избори за поголема минутажа бил продаден на турската екипа Бурсаспор во јули истата година. Во Турција се задржал само една сезона во која на 27 натпревари во првенството постигнал 2 гола.
На 17 август 2018, Трост-Еконг станал нов играч на екипата на , со која дебитирал во италијанската Серија А само два дена подоцна во ремито 2-2 против . Во двете сезони поминати во дресот на Зебрете под водството на Лука Готи, тој бил стандарден првотимец забележувајќи 65 настапи за клубот и помагајќи му да оствари некој незаборавни победи како оние над и .
На 29 септември 2020, Трост-Еконг потпишал петгодишен договор со екипата на Вотфорд. Тој го постигнал својот прв гол за стршлените во победата со 3–2 над Ковентри Сити на 7 ноември 2020 година. Во својата прва сезона во клубот, со 32 настапи и 1 гол во првенството, тој му помогнал на Вотфорд да избори промоција во Премиер лигата за следната сезона.
На 24 јануари 2023 година, Трост-Еконг се преселил во Салернитана на позајмица со право на откуп по завршувањето на сезоната. Дебитирал три дена подоцна во победата на гостувањето кај . На 27 мај 2023, го постигнал својот прв гол во Серија А во својата кариера, во победата на Салернитана со 3-2 над неговиот поранешен клуб Удинезе.
Во летото 2023, Трост-Еконг потпишал за грчкиот клуб .
Репрезентативна кариера
И покрај тоа што ја претставувал Холандија во селекциите под 19 и под 20 години, Трост-Еконг сепак одбрал да ја претставува Нигерија.
Своето деби за Super Eagles го направил на 13 јуни 2015, играјќи 90 минути во квалификациите за Африканскиот куп на нации против Чад.
Тој направил три настапи за сениорската екипа, пред да биде повикан во Нигериската олимписка репрезентација за Летните олимписки игри 2016 во Рио.
Во јуни 2018, тој бил повикан во 23-члениот состав на Нигерија за Светското првенство 2018 во Русија. Ги одиграл сите три натпревари на својата земја во групната фаза.
Во април 2019, тој изјавил дека играњето за Нигерија била "неговата најдобра одлука во животот". Во јуни 2019, тој бил повикан да ја претставува Нигерија на Африканскиот куп на нации, каде тој го постигнал победничкиот гол против во 89-тата минута овозможувајќи и на својата репрезентација да мине во полуфиналето и на крајот да го освои третото место.
На почетокот на 2022 година, тој повторно бил повикан од својата земја да учествува на Африканскиот куп на нации, за вторпат во својата кариерата. На 19 јануари 2022, тој го постигнал вториот погодок за Нигерија во победата со 2-0 над , помагајќи им на Super Eagles да го освојат првото место во групата со максимален број на бодови. Сепак, нивниот пат завршил веќе во следната фаза, кога биле совладани со 1-0 од во осминафиналето.
По неуспехот на Нигерија да се пласира на Светското првенството 2022, Трост-Еконг бил повикан за следното натпреварување на кое учествувале Super Eagles, Африканскиот куп на нации 2023 во Брегот на Слоновата Коска. Во вториот натпревар од групата, тој постигнал гол од пенал за победа на Нигерија над домаќинот со 1-0.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика на кариерата Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 21 јануари 2022.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2013-јан. 2014 Гронинген Е 2 0 КХ 0 0 - - - - - - 2 0 јан.-јун. 2014 Дордрехт ЕД 10+1Nei play-off. 0 КХ - - - - - - - - 11 0 2014-2015 Е 22 0 КХ 1 0 - - - - - - 23 0Вкупно Дордрехт 32+1 0 1 0 - - - - 34 0 јул.-дек. 2015 Хаугесунд ЕС 13 0 КН - - - - - - - - 13 0 2016 ЕС 24 3 КН 4 1 - - - - - - 28 4Вкупно Хаугесунд 37 3 4 1 - - - - 41 4 јан.-јун. 2017 Гент ПЛ 3+5 0 КБ - - ЛЕ 0 0 - - - 8 0 2017-2018 Бурсаспор СЛ 27 2 КТ 4 0 - - - - - - 31 2 јул.-авг. 2018 СЛ 1 1 КТ - - - - - - - - 1 1Вкупно Бурсаспор 28 3 4 0 - - - - 32 3 2018-2019 А 35 0 КИ - - - - - - - - 35 0 2019-2020 А 30 0 КИ 1 0 - - - - - - 31 0Вкупно Удинезе 65 0 1 0 - - - - 66 0 2020-2021 ФЛЧ 32 1 ФАКуп+ЛК 1+0 0+0 - - - - - - 33 1 2021-2022 ПЛ 17 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0+0 - - - - - - 18 0 2022-јан. 2023 ФЛЧ 15 1 ФАКуп+ЛК 1+1 0+0 - - - - - - 17 1Вкупно Вотфорд 64 2 4 0 0 0 - - 68 2 јан.-јун. 2023 А 9 1 КИ - - - - - - - - 9 1 2023-2024 ГСЛ 0 0 КГ 0 0 ЛК 0 0 - - - 0 0Вкупно во кариерата 245 9 14 1 0 0 - - 259 10
Наводи
Надворешни врски
Вилијам Трост-Еконг на soccerway Вилијам Трост-Еконг на transfermarkt Вилијам Трост-Еконг на espn Вилијам Трост-Еконг на tuttocalciatori Вилијам Трост-Еконг на whosocred
Категорија:Живи луѓе Категорија:Нигериски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Гронинген Категорија:Фудбалери на ФК Гент Категорија:Фудбалери на ФК Бурсаспор Категорија:Фудбалери на ФК Удинезе Категорија:Фудбалери на ФК Вотфорд Категорија:Фудбалери на ФК Салернитана Категорија:Родени во 1993 година