Куќа на Шекерови — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија како претставник на македонската староградска архитектура.

Историја Куќата се наоѓа на улица „7 Ноември“ бр. 3 и 5, многу блиску до главниот плоштад кај Охридскиот Чинар. Изградена е во почетокот на дваесеттиот век од непознати мајстори. До неа има низа други градби изградени во исто време и во ист стил. Куќата била во сопственост на семејствата Шекерови и Паунчески.

Архитектура Куќата се состои од подрум, приземје и кат. Приземјето се користело за живеење. Изградена е од камен, дрво и цели тули. Темелите и приземјето се напревини од камен, а внатрешните ѕидови на приземјето и првиот кат се од тула. Мезанинот и кровната конструкција се дрвени. Фасадата има ренесансни и барокни елементи. Има изразена симетрија, хармонично распоредени прозорски отвори и класична орнаментика. Прозорските отвори се со профилирани рамки и се одделени со пиластри со камена декорација. Хоризонталната поделба има профилирани венци.

Поврзано

Културно наследство на Македонија во Општина Охрид

Наводи

Категорија:Културно наследство на Македонија во Општина Охрид Шекерови Категорија:Македонска староградска архитектура