Норден (; ) — град во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на брегот на Северното Море, во областа Источна Фризија.

Географија Местоположба

Градот Норден, најсеверозападниот град на германското копно, зафаќа површина од 104,39 квадратни километри во северозападниот дел на Источна Фризија во Долна Саксонија. Најголемото растојание север-југ е 21 километар, додека исток-запад изнесува околу 13 километри. Највисока точка во Норден е 9,5 метри.

Пред брегот се наоѓаат островите (од исток кон запад) Нордернај, Јист и Мемерт. Помеѓу брегот и островите се наоѓа Ваденското Море, кое како дел од националниот парк „Долносаксонско Ваденско Море“ од јуни 2009 година е прогласен за светско природно наследство на УНЕСКО.Nationalpark Nds. Wattenmeer auf niedersachsen.de Југозападно од градот се наоѓа Лајскиот Залив.

Соседни општини на копното се (од исток кон југозапад, надесно) Хагермарш, Литетсбург и Халбемонд (сите во општинската заедница Хаге), Лецдорф и Остел (обете во општинската заедница Брокмерланд), како и општината Крумхерн. Интересно е дека границата со општината Лецдорф е во должина на една улица.

Градски единици

Норден се состои од градското јадро и десет официјални градски единици. Градското јадро се наоѓа околу стариот градски центар на поранешната општина Зандбауершафт со градските единици Екел, Линтел и Вестгасте.

Други единици се Баргебург, Лајбухтполдер, Нојвестел, Норддајх, Остермарш, Зидернојланд I, Зидернојланд II, Тидофелд, Вестермарш I и Вестермарш II.

Клима

Климата во градот е под директно влијание на Северното Море. Лете дневните температури се пониски, додека зиме често се повисоки отколку внатре во копното.

Политика Градски совет

мини|300п|десно|Новото Градско собрание, каде градската управа се наоѓа од 1884 година.

Градскиот совет се состои од 34 избрани членови. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:

Партија Удел Места SPD 42,84 % 14 CDU 21,29 % 7 Граѓани насочени кон иднината (ZoB) 17,89 % 6 FDP 4,64 % 2 GRÜNE 10,68 % 4 Ди Партај 2,65 % 1

Градоначалник

Од 26 септември 2021 година, градоначалник на Норден е Флоријан Ајбен (SPD).

Градоначалници од 1945 година биле: 1945–1946: Алберт Шенеберг 1946–1948: Јохан Фишер (SPD) 1948–1956: Алберт Шенеберг 1956–1959: Јохан Фишер (SPD) 1959–1961: Хинрих Донер 1961–1964: Георг Ровел-Рулфес (FDP) 1964–1971: Георг Петерс (SPD) 1971–1988: Герхард Кампен (SPD) 1988–1998: Фриц Фукс (SPD) 1998–2016: Барбара Шлаг (ZoB) 2016–2021: Хајко Шмелцле (CDU) од 2021: Флоријан Ајбен (SPD)

Збратимени градови

Норден е збратимен со следниве градови:

Брадфорд на Ејвон, Обединето Кралство (од 1969 г.) Пазевалк, Германија (од 1990 г.)

Познати луѓе

Херман Конринг (1606–1681) — лекар и политичар Јохан Крамер (1905–1987) — политичар Вилхелм фон Фреден (1822–1894) — математичар, научник и океанограф Реха Фрајер (1892–1984) — писател Вилхелм Гнапхојс (1493–1568) — хуманист и просветител Ото Итес (1918–1982) — адмирал Марко Кучер (р. 1975) — ски-скокач Херберт Милер (р. 1953) — сликар Јохан Шредер (1925–2007) — математичар Хајко Шварц (1911–1973) — ватерполист

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Аурих (округ) Категорија:Населени места во Источна Фризија Категорија:Пристанишни градови на Северното Море Категорија:Пристанишни градови во Германија Категорија:Хановер (покраина)