Куќа на Климент Талев — стара куќа во градот Охрид прогласена за културно наследство на Македонија. Градбата е заведена како Споменик на културата под називот Куќа на ул. „Климент Охридски“ бр. 66. Куќата е сместена на чаршиската улица „Свети Климент Охридски“ бр. 60.
Историја Изградена е во периодот меѓу двете светски војни од непознати мајстори.
Архитектура Градбата изобилува со елементи на неокласичната архитектура. Се состои од приземје и кат — по краевите на фасадата има пиластри, а околу прозорците има украсни шамброни. Приземјето е изградено со наизменична ѕидарија — еден ред бигор, два реда тула. Меѓукатната и покривната конструкција се дрвени. Отворите на приземјето се големи и правоаголни, а на катот се исто така правоаголни, но помали. Покривниот венец е со плитка профилација. Покривот е на три води со традиционална ќрамида-каналица.
Галерија
Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Охрид
Наводи
Климент Талев