Ханс Магнус Енцебергер (роден на ( година во Кауфбојрен) е германски писател, поет, преведувач и уредник. Има пишувано и под псевдонимот Андреас Талмаер. Живее во Минхен.

Животопис Енцесбергер учи литература и филозофија на универзитите во Ерланген, Фрајбург и Хамбург, како и на Сорбона во Париз, каде и докторира во 1955 година на тема Поезијат на Клеменс Брентано. До 1957 година, работи како радио-уредник во Штутгарт. Учествува на неколку собири на Групата 47. Еден период минува во Кастрова Куба. Меѓу 1965 и 1975 година го уредува списанието Kursbuch ("Распоред"). Од 1985 уредник е на престижната едиција книги Die Andere Bibliothek ("Другата библиотека"), кои се издаваат во Франкфурт и кои досега вклучуваат повеќе од 250 наслови. Енцесбергер е основач на месечникот TransAtlantik. Неговото творештво е преведено на повеќе од 40 јазици.

Помладиот брат на Магнус, Кристијан, е исто така писател.

Творештво Во најголем дел од неговите песни, Енцесбергер користи саркастичен и ироничен тон. На пример, песната "Блуз за средната класа" содржи опис на неколку банални одлики на средната класа, а фразата "не можеме да се пожалиме" се повторува повеќепати, пред да заврши со прашањето "што чекаме?". Многу од неговите песни се инспирирани од класните односи и граѓанскиот немир. Иако е првобитно поет и есеист, често има кратки излети во светот на театарот, филмот, операта, радио драмата, репортажата, преведувањето, а автор е и на неколку романи и книги за деца. Австралијанскиот писател Родерик Гејтс го опишува Енцесбергер, покрај Рудолф Бардо, "како еден од ретките лево-ориентирани Германци што успеале да го предвидат падот на комунизмот и распадот на СССР."(Судења од минатото, Глобално ехо.)

Награди и признанија 1963 - Georg-Büchner-Preis (Награда Георг Бихнер) 1980 - Златен венец на Струшките вечери на поезијата 1985 - Heinrich-Böll-Preis (Награда Хајнрих Бел) 1993 - Erich-Maria-Remarque-Friedenspreis (Награда на мирот Ерих Марија Ремарк) 1998 - Heinrich-Heine-Preis (Награда Хајнрих Хајне) 2002 - Premios Príncipe d'Asturies (Награда на Принцот од Астурија за комуникации и хуманост) 2006 - Premio d’Annunzio für sein Gesamtwerk (Награда Данунцио за севкупен опус)

Значајни дела Verteidigung der Wölfe („Во одбрана на волкот“, песни, 1957) Politik und Verbrechen („Политика и криминал“, есеи, 1964) Das Verhör von Habana („Испрашување од Хавана“, проза, 1970) Gespräche mit Marx und Engels („Разговори со Маркс и Енгелс“, есеи), 1970) Der Untergang der Titanic („Пропаста на Титаник“, епска поема, 1978) Zukunftsmusik („Музиката на Иднината“, раскази, 1991) Die Tochter der Luft („Ќерката на Воздухот“, драма, 1992) Wo warst du, Robert? („Каде беше Роберт?“, роман, 1998) Der Zahlenteufel, („Ѓаволовиот број“, роман, 1999) Gedichte 1950-2005, („Раскази 1950-2005“, 2006)

Надворешни врски

Разговор со Чарлс Симиќ. Радикалниот губитник: англиски превод на една статија на Енцесбергер појавена во Der Spiegel на 7 ноември 2005.

Категорија:Германски поети Категорија:Германски писатели Категорија:Добитници на Златен венец на Струшките вечери на поезијата Категорија:Носители на прускиот Орден за заслуги (граѓански) Категорија:Починати во 2022 година