Љатички мост (), Спилиски мост (Γεφύρι Σπηλαίου) или Ајдучки мост (Γεφύρι του Κλέφτη) — стар камен мост во Гребенско, Егејска Македонија.
Мостот ја преминува реката Велонија пред нејзината утока во Венетик откако ќе ја помине клисурата Портица. Се наоѓа на неколку километри североисточно од гребенското село Спилио и го поврзува со селата Рјахово, Пелеохор и Козмат. Има еден лак со распон од 10 м. Според едно предание, изграден е од ајдук по име Љатистас, кој бегајќи од Турците ја прескокнал реката, претходно зарекувајќи се дека ако успее, тука ќе изгради мост. Според друго предание, името потекнува од албанскиот збор љатиса, што значи леска, поради тоа што околината е обрасната со такви дрва. Изграден е околу 1800 г.
Во 1995 г. мостот е прогласен за споменик на културата.
Наводи
Категорија:Мостови во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Гребен (општина) Категорија:Појавено во 1800 година