Свети Димитриј () — црква во селото Куманичево, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. мини|лево|Иконите „Јесеевиот корен и Јесеевата фиданка“ и „Јесеевиот корен“ од иконостасот, XIX век Храмот е изграден во 1783 г. Претставува еднокорабен поствизантиски храм со дрвена покривна конструкција, припрата и живопис од 1783 г. На западниот ѕид од двете страни на вратата се претставени архангелите Михаил и Гаврил. Има икони од XVIII и XIX век.

Во 1996 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.

Поврзано Костурска епархија

Наводи

Надворешни врски

Димитриј, Куманичево Димитриј, Куманичево Категорија:Споменици на културата во Костур (општина) Категорија:Појавено во 1783 година