Христо Живков (, - , ) — бугарски глумец.

Животопис Роден е на 18 февруари 1975 година во Софија. Неговата сестра Димитрина Живкова е исто така глумица. Дипломирал филмска режија на НАТФИЗ. Играл во бугарските играни филмови „Суламит“ (1997 година, реж. Христо Христов по сценарио на Владо Даверов), „Остатоци“ (ТВ филм, 1990 година, реж. Росен Елезов ) и „Печалбата“ (2001 година, реж. Магардич Халваџијан). После тоа често одбивал покани за улоги во бугарската кинематографија. Се појавил во вкупно 25 филмови, многу од нив италијански - некои од нив на познати режисери како браќата Тавијани, Ермано Олми, Марко Белокио итн.

Популарноста му носи учеството во италијанскиот филм „Занаетот на оружјето“ (2001) во улога на Џовани де Медичи, како и во „Пасија “ (2004) во улогата на Јован Богослов. Во 2006 година глуми во италијанска ТВ-серија.

Емир Кустурица го поканува Христо Живков да учествува во мега спектаклот „Голема Грција - митот за потеклото“, каде во улогата на пророкот учествува и италијанскиот актер Џанкарло Џанини. Христо Живков глумел во „Во мое сеќавање“ на Саверио Костанцо, филм кој го отворил Берлинскиот фестивал во 2007 година.

Продуцент е на неколку италијански и бугарски филмови, меѓу кои и дебитантскиот „Отуѓување“ на Милко Лазаров. Режисер е на документарниот филм „Незгодниот д-р Крастев“ за создателот на кругот „Мисла“.

Во 2016 година учествувал во бугарското реално шоу „Големиот брат“.

Христо Живков умира на 48 години на 1 април 2023 г. во Лос Анджелис од рак на белите дробови.mirror.co.uk

Наводи

Надворешни препратки

Интервју во 7even „Христо, когошто не познаваме“, интервју на Диана Алексиева, Interview.to, 2 февруари 2017

Категорија:Починати од рак Категорија:Бугарски глумци