За филмскиот режисер, видете Митко Панов.
Митко Панов (роден на 16 декември 1927, Скопје - 2000, Скопје) ― македонски социјален географ.
Животопис Основно и средно образование завршил во Скопје. Студирал на Катедрата за географија од 1948-1952 година, каде дипломирал, и по две години работа во Гимназијата „Мирче Ацев” во Прилеп, во 1954 година, бил избран за асистент на Катедрата по географија на Филозофскиот факултет. Докторирал во 1960 година, од областа на социјалната географија на темата „Сливот на Крива Лакавица и Отиња - антропогеографски и стопанско-географски проучувања”. Во 1961 година, бил избран во звањето доцент, во 1967 година, во вонреден професор, а во 1972 година, во звањето редовен професор. Тој е еден од основачите на првите последипломски студии на Институтот за географија од областа на Просторното планирање во 1976 година. Учествувал во голем број проекти, бил главен организатор на повеќе научни собири на географите. Публикувал над 300 научни и стручни трудови и првата книга Географија на СР Македонија. Добитник е на повеќе награди и признанија. Се пензионирал во 1987 година. Починал во 2000 година во Скопје.
Поврзано
Томе Андоновски Драган Василески Миливој Гашевски Васил Граматниковски Васа Даскаловски Никола Димитров Мирјана Ѓорѓиева Михаило Зиков Петар С. Јовановиќ Димитар Јаранов Тодор Кондев Велимир Ј. Костовски
Душан Манаковиќ Благоја Маркоски Љубе Миленковски Гиго Милески Иван Несторовски Милош Павловиќ Никола Панов Јордан Пенџерковски Ѓорче Петров Илија Петрушевски Митко Поптрандовски Војислав Радовановиќ
Бранислав Русиќ Аслан Селмани Јаким Синадиновски Станко Станковски Часлав Стојадиновиќ Милорад Стојановиќ Александар Стојмилов Владимир Точковски Јован Трифуноски Атанасие Урошевиќ Јован Цвииќ Димитрија Чуповски
Наводи
Категорија:Починати во 2000 година Категорија:Македонски географи Категорија:Југословенски географи Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Професори на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Југословенски професори Категорија:Македонски средношколски професори Категорија:Југословенски средношколски професори