Рајанци или Раенци — историско село на територијата на Општина Василево, Струмичко, денес во јужниот дел на атарот на Нивичино.

Географија Селото се наоѓало во јужното подножје на Готен, на десниот брег на Нивичанска Река, денес езерото Турија.

Историја На крајот од XIX век Рајанци било македонско село во Струмичката Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Бајанци (Bayantzi) се води како село со 30 домаќинства, сочинети од 105 Македонци. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Раенци има 160 жители, сите Македонци христијани.

На почетокот на XX век целото население на селото било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Рајанци (Rayantzi) имало 96 Македонци под егзархијата.

На почетокот на Првата балканска војна во 1912 г. две лица од Рајанци биле доброволци в Македонско-одринскиот полк.

Во 1913 г. речиси сето население на селото се иселило во Царството Бугарија, со исклучок на три семејства.

Личности Родени во Рајанци Ѓорѓи Донев ( 1881 – ?) — борец во Македонско-одринскиот полк, чета на Дончо Златков, ранет кај Кресна Ѓорѓи Иванов — борец во Македонско-одринскиот полк, чета на Михаил Думбалаков, носител на орден „За храброст“ IV степен

Наводи

Категорија:Историски села во Македонија † † Категорија:Нивичино