мини|Каписли: лево — во истрел од револверски патрон, десно — за патрон за оружје со мазна цевка. Каписла (, ) — мала метална чаура (изработена од челик, месинг, бакар или алуминиум), наполнета со основен експлозив или со експлозивна смеса. Служи за создавање на почетен импулс со кој се пали барутното или високоизбувливо полнење.
Капислата е составен дел од едноделен патрон или артилериски истрел; поставена е во посебен отвор на дното од чаурата.
При удар со доволна сила создадена од ударната игла или електрично запалена, капислите реагираат хемиски за да произведат топлина, која се пренесува на главното полнење и го запалува, а тоа пак, го турка проектилот. Поради нивната мала големина, овие каписли самите немаат сила да го истрелаат проектилот, но сепак имаат доволно енергија да го турнат куршумот делумно во цевката.
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Муниција