Ристо Кавалиновски (, – , ) — македонски партизан.

Животопис Кавалиновски е роден на 14. III. 1922 во село Бистрица. Потекнува од селска земјоделско сиромашно семејство. За време на стара Југославија по завршувањето на четврто одделение работел како наемен земјоделски работник. Веднаш по окупацијата Кавалиновски работел за Народноослободителната војска на Југославија. Во месец септември 1942 година бил мобилизиран од бугарската војска во која бил сè до март 1943 година. На 12 март 1943 година кога дошол на отсуство не се вратил во единицата, туку доброволно се приклучил кон партизанските одреди. При еден напад на бугарски участок во село Злокуќани извршен во март 1944 година Кавалиновски тешко ранет паднал во рацете на окупаторот. Бил мачен, но никого не провалил, иако знаел за повеќе партиски работници на теренот на Бистричко. По долго мачење тој бил на најсвиреп начин ликвидиран од окупаторитее, а неговите остатоци и ден денес не се знае каде се.

Почести Во негова чест една улица во Битола, во Лавчанска населба, го носи неговото име.

Наводи

Категорија:Македонски партизани Категорија:Жртви на Втората светска војна