Елбасанската азбука е азбучно писмо од средината на 18 век, создадена за Елбасанското евангелие, кој е единствениот ракопис напишан со него. Ракописот бил напишан во црквата „Св. Јован Владимир“ во централна Албанија, а денес се чува во Националната архива во Тирана. Азбуката, како и ракописот, е именувана по градот Елбасан, каде што била измислена, и иако ракописот не е најстариот напишан на албански јазик, елбасанската азбука е најстарата од седумте познати оригинални азбуки создадени за албанскиот јазик. Елбасанското евангелие содржи 59 страници со библиска содржина напишани со азбука од 40 букви, од кои 35 се јавуваат често, а 5 поретко.

Наводи

Категорија:Албански јазик Категорија:Азбуки