Мирко Филиповиќ (роден на 10 септември 1974 година), попознат по неговото ринг име Мирко Кро Коп, е хрватски поранешен професионален борец во мешани боречки вештини, кикбоксер и аматерски боксер. Тој е најпознат по своето време на Прајд Фајтинг Чемпионшип (Pride Fighting Championships). Кро Коп се борел во УФЦ, K-1, РИЗИН и Белатор. Филиповиќ е широко познат како еден од надобрите кикбоксери во тешка категорија и MMA борци на сите времиња.

Филиповиќ е шампион на Гран При на Прајд во 2006 година, шампион на К-1 Светското првенство во финалето во Загреб и шампион на Гран При првенството во Ризин во 2016 година, станувајќи втор борец во светот кој освоил првенства и турнири во мешани боречки вештини и кикбокс. Тој е исто така поранешен шампион на ИГФ. Неговиот прекар, Кро Коп, скратеница од „Croatian Cop (мак: хрватски полицаец)“, доаѓа од неговото вработување во Антитерористичката единица Лучко, елитната единица на хрватската полиција.

Препознатливиот потег на Филиповиќ бил неговиот молскавично брз лев удар со нога, некогаш познат како „десна нога, болница; лева нога, гробишта“. Тој бил успешен аматерски боксер и освоил голем број медали на меѓународни натпревари, а бил и член на тимот на Хрватска кога се натпреварувале на Светското првенство во аматерски бокс во 1997 г.

Од 23 декември 2003 година до 11 јануари 2008 година, бил пратеник во Хрватскиот парламент за првата изборна единица. Бил избран како независен кандидат на листата на Социјалдемократската партија.

На 1 март 2019 година, објавил дека ќе се пензионира поради здравствени причини, поточно поради претрпен мозочен удар.

Поврзано

Список на машки кикбоксери

Наводи

Надворешни врски

Glory Profile Profile at K-1

Категорија:Родени во 1974 година Категорија:Кикбоксери Категорија:Спортисти-политичари