мини|294x294пкс|„Харем“ на јапонски јазик Харем () — жанр на врски во аниме и манга, во кој главниот лик е опкружен со голем број ликови од спротивниот пол. Не се поставени никакви строги рамки, и во подвидовите на жанрот харем, главниот лик не мора нужно да започне романтична врска со некого, иако тоа најчесто се случува. Женските ликови можат да се натпреваруваат меѓусебе за вниманието на главниот лик. Многу серии, кои не припаѓаат целосно на жанрот харем, користат елементи од него за да ги усложнат врските меѓу ликовите.Brenner, Robin E. Understanding Manga and Anime. — Greenwood Publishing Group, 2007. — P. 297. — 356 p. — ISBN 978-0-31-309448-4.
Строеж Класичниот харем обично е изграден со едно момче и, најмалку, три девојки. Во пракса, бројот на женски ликови може да достигне и десетици. Затоа, харемските анимеа често се критикувани, обвинувајќи ги дека голем дел од споредните ликови не претставуваат ништо ново и се изградени врз истите стереотипи како и во стотици други слични серии. Ова не е толку поради сложеноста на цртањето на речиси идентични фигури, туку поради вообичаеното за такви случаи штедење на сценариото.
Врските на „газдата“ на харемот со девојките обично никако не можат да се наречат харемски. Најчесто, дури и ако ликот има претпочитања, тој ги чува за себе. Водечка улога во заемодејствата на харемските ликови играат пријателството и сплотеноста, и таквото друштво обично живее во мир и склад, како едно големо семејство. Меѓутоа, главниот лик често ја игра улогата на жртвен јарец: врз него го истураат својот гнев и му поставуваат чудни барања.
И покрај тоа што во огромното мнозинство на хареми недвосмислено се одредува главната хероина (за која, всушност, е заинтересиран главниот лик), останатите учесници во харемот исто така или имаат некакви чувства кон херојот или едноставно му симпатизираат. Оваа симпатија може да се пројави на сосема различни начини. На пример, симпатијата на Мотоко кон Кеитаро од истата Love Hina се пројавувала со вежбање на техники кендо врз него, додека симпатијата на главната хероина Нару Нарусегава кон истиот лик се изразувала преку постојано тепање, по што несреќниот Кеитаро го шутирала во бескрајното небо. Во анимето Elfen Lied, каде што има елементи на харем, девојчето Мају, кое го згрижиле Јука и Кота, ги доживува како родители.
Карактеристична особина на харемите е огромната различност на типовите ликови во рамките на харемот, која авторите ја создаваат заради контраст. Меѓутоа, вкупниот број типови што се користат во овој жанр, како што веќе било наведено, не се одликува со голема разновидност.
Харем се применува во аниме и манга со најразлични заплети. Како по правило, една од темите стануваат љубовните врски меѓу ликовите, кои сепак не доведуваат до брак или барем до создавање на цврста, одредена двојка (таквиот настан би довел до распаѓање на харемската шема, која во голема мера се одржува токму со одржувањето на одредена неизвесност во врските). Останатата смисловна содржина може да биде различна. Романтиката може да биде главна тема на делото, при што повеќе внимание се посветува на развојот на личните односи меѓу ликовите. Во комедиите, главниот нагласок е ставен на уживањето во смешни ситуации во кои се наоѓаат ликовите поради заедничкото живеење на маж и девојки што не се во блиска врска со него — различни разнообразија на ненадејно, непланирано разголување, двосмислени ситуации, како што е откривање наутро на некоја од девојките како мирно спие покрај главниот лик. Сето ова е надополнето со поголема или помала количина на фансервис.
Харем може да се користи и како заднина за драма, која го открива внатрешниот свет на ликовите. Во овој случај, авторите често играат на контрасти, покажувајќи ја разликата помеѓу вистинскиот карактер на ликовите и нивното видливо однесување, а понекогаш, напротив, покажуваат „внатрешна блискост“ меѓу ликови што надворешно не си личат.
Наводи
Надворешни врски
A History (And Defense of) Harem Anime
Категорија:Поими во аниме и манга __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__