Свети Андреја Каридски или Каривски (, Καρίβη) — црква во градот Костур, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.

Црквата била подигната во 1746 година, а обновена е во XIX век. Козма Етолски проповедал во храмот и затоа е посветена нему.

Во 1991 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.

Градбата претставува еднокорабна базилика со дрвен покрив и отворен трем на јужната страна. Резбаниот иконостас и иконите се од втората половина на XVIII век, за што сведочи натписот на иконата на Св. Андреја, кој ја наведува годината 1776. Иконите на иконостасот, кои се во лоша состојба, од лево кон десно се: Св. Харалампиј, Св. Тројца, Пресв. Богородица со Младенецот, Христос Седржител, Јован Крстител, Св. Андреја.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Цркви во Костур Категорија:Цркви во Костурската епархија Категорија:Споменици на културата во Костур Категорија:Појавено во 1746 година