Анастас (Тасе) Михајлов Динков – Сребренски (Сребрено, – Варна, ?) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација и Врховниот македонски комитет.
Животопис Динков е роден во 1870 г.На 18 март 1943 година имал 73 години. во леринското село Сребрено, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Стапил во ВМОРО на 15 октомври 1901 година, посветен од реонскиот војвода Марко Лерински. Во 1902 г. учествувал во убиството на предавникот Ташко Костов-Гегата. Во јуни 1902 г. во аферата по опсадата на четата на Марко Лерински и неговото убиство во Пателе, Динков станал нелегален деец, а подоцна пребегал во Бугарија и живеел во Варна. Во 1903 г. во Варна стапил во чета на Врховниот комитет, на чело со полковник Анастас Јанков, која навлегувала во Костурско. Учествувал во Илинденското востание со четата на полковник Јанков и учествувал во битките кај с. Пирин, кај Белица и други.
По востанието се вратил во Варна. Во 1904 г. стапил во четата на Врховниот комитет на чело со Никола Лефтеров и со неа дејствувал во Малешевско. Таму од таа чета преминал во онаа на Марко Шишков и со неа тргнал кон Леринско. Сепак, на четата ѝ било наредено да се врати.
Учествувал во Првата светска војна со 40-та помошна дружина.
Наводи
Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Дејци на ВМОК Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски преселници во Варна