Лагуна Бланка е солено езеро во ендореичен басен, во покраината Сур Липез во департманот Потоси, Боливија. Се наоѓа во близина на вулканот Ликанкабур.
Географија лево|мини|220x220пкс|Лагуна Бланка, во позадина со Серо Лагуна Верде. Надморската височина на езерото изнесува 4350 метри и се наоѓа на висорамнината Алтиплано. Зафаќа површина од 10,9км2. Езерото е долго 5,6 километри и широко 3,5 километри.
Карактеристично е по белата боја на водата, по која езерото го добило и своето име. Оваа карактеристична боја е предизвикана од минералите кои ги има во голема количина.
Лагуна Бланка, од помалата Лагуна Верде е одделена со тесен коридор. И двете се наоѓаат во Националниот резерват за фауна на Андите Едуардо Авароа. Во минатото, Лагуна Бланка била значително поголема во споредба со денешната површина која ја зафаќа - била 45 метри повисока од денес и се протегала далеку на исток до нејзиниот сегашен брег. Пред 13.240 години, таа го достигнала својот врв во нивото на водата, по што била споена со Лагуна Бланка.
Поврзано
Лагуна Верде — солено езеро, исто така во Националниот резерват за андска фауна Едуардо Аваро Лагуна Колорада — блиско солено езеро познато по својата црвена боја Алтиплано
Наводи
Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Езера во Јужна Америка