Драган Ѓорговски ― македонски новинар и уредник, долгогодишен медиумски работник во Македонската радио телевизија. Добитник е на наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“, која ја доделува Здружението на новинарите на Македонија.
Биографија Ѓорговски дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград во 1977 година. По завршувањето на студиите ја започнал својата професионална кариера во Радио Скопје. Во раната фаза од кариерата работел и во Белград во институции поврзани со младинската организација на тогашна Југославија.мини|Драган Ѓорговски - Новинар
Новинарска кариера и медиумска работа По враќањето во Македонија, Ѓорговски работел како уредник и коментатор во Радио телевизија Скопје, подоцна Македонска радио телевизија. Во текот на својата кариера бил ангажиран и во активности на Здружението на новинарите на Македонија, каде учествувал и во раководните структури.
Известувал за клучни политички настани во периодот на распадот на СФР Југославија, вклучително и последните состаноци на институциите на федерацијата.https://kanal5.com.mk/videos/574879/gjorgovski-dobitnik-na-nagradata-za-zhivotno-delo-krste-petkov-misirkov-na-znm Известувал од повеќе региони за време на конфликтите во поранешна Југославија.
Во текот на својата кариера реализирал бројни интервјуа со политички и јавни личности од регионот. Известувал од војната во Словенија, како и конфликтите поврзани со Србија, Црна Гора и Косово. Меѓу личностите со кои има направено интервјуа се Зоран Ѓинѓиќ, Мира Марковиќ, Азем Власи, Војислав Шешељ, Ивица Дачиќ и Момир Булатовиќ, и други.
Пишувал и за странски медиуми, вклучително и францускиот весник „Ле Монде“.https://mrt.com.mk/node/87747
Ѓорговски бил автор и учесник во повеќе телевизиски проекти, меѓу кои: „Балкан Експрес“, „ТВ Агломер“, „ТВ Диоптрија“, „Без пардон“.
Тој е автор на емисијата „Убавите села на Македонија“, која се емитува на програмата на МРТ.
Награди и признанија
Награда за животно дело „Крсте Петков Мисирков“ – ЗНМ (2023)На страницата на ЗНМ
Надворешни врски
Официјален YouTube канал
Наводи
Категорија:Македонски новинари
Категорија:Добитници на наградата „Крсте Петков Мисирков“