Великотрновски Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ (; или скратено ВТУ) ― државен универзитет со седиште во Велико Трново, Бугарија.

Историја Универзитетот бил основан како Висок педагошки институт „Браќа Кирил и Методиј“ на 15 септември 1963 година со намера да ги продолжи богатите културни и образовни традиции на средновековната Трновска книжевна школа. Во првата академска година, 25 професори, асистенти и наставници дошле од универзитетите во Софија и од Бугарската академија на науките. Првите студиски насоки биле бугарска филологија, руска филологија, историја и уметност. Основачи на универзитетот се Александар Бурмов и Пењо Русев.

Во 1971 година, институтот со указ на Државниот совет бил акредитиран како Великотрновски универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Великотрновскиот универзитет располага со 9 факултети, 42 катедри, 68 студиски насоки, два педагошки колеџи, во Плевен и Враца, центри во Софија, Пловдив и Добрич и над 10 илјади студенти од Бугарија и странство. Денес на универзитетот студираат околу 10.000 студенти од Бугарија и странство. На него се образуваат бакалаври, магистри и докторанти.

Структура Универзитетот е поделен на 9 факултети: Филолошки факултет Историски факултет Правен факултет Педагошки факултет Економски факултет Филозофски факултет Математичко-информатички факултет Православен богословски факултет Факултет за ликовни уметности

Наводи

Поврзано Национален воен универзитет „Васил Левски“ Список на виши училишта во Бугарија

Надворешни врски Службено мрежно место на Великотрновскиот универзитет

Категорија:Универзитети во Бугарија Категорија:Велико Трново Категорија:Појавено во 1963 година во Бугарија