Ралф Хартли Ветмор (роден на 27 април 1892, Јармут, Нова Шкотска — починал на 28 април 1989, Боксфорд, Масачусетс) — професор по ботаника на Харвард од 1926 до 1962 година, познат по своите студии за раст и развој на растенијата. Тој бил член на Американското здружение за унапредување на науката, Американската академија на уметностите и науките, Националната академија на науките и Њујоршката академија на науките, а бил и претседател на Американското ботаничко друштво. Ветмор студирал Акадскиот универзитет, каде што дипломирал во 1921 година. Докторирал на Харвард во 1924 година, работејќи под раководство на Е. Ч. Џефри, и се приклучил на професорскиот кадар на Харвард во 1926 година. Бил во брак со Марион Г. Силвер од 1923 година до нејзината смрт во 1935 година, а во 1940 година се оженил со Олив (Хокинс) Смит, која подоцна станала декан на Радклифовиот колеџ. Ветмор имал две ќерки од својот прв брак. Починал на 97-годишна возраст.
Наводи
Категорија:Американско ботаничко друштво Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Членови на Американското здружение за унапредување на науката Категорија:Професори на Харвардовиот универзитет Категорија:Апсолвенти на Харвард Категорија:Починати во 1989 година Категорија:Родени во 1892 година Категорија:Американски ботаничари Категорија:Канадски ботаничари