Trifolium patens — едногодишен вид на детелина опишан од Јохан Кристијан Даниел фон Шребер. Видот не е пронајден во Шведска.Dyntaxa Trifolium patens Во Каталогот на животот не се наведени подвидови.
Опис Растението е едногодишно, високо 10–50 см и разгрането. Стеблото е исправено или приподигнато, плитко набраздено и покриено со прилегнати или благо закривени влакна насочени нагоре. Листовите се обратнојајцевидни, елиптични до долгнавести, долги 15–18 мм, голи, со клиновидна и цела долна половина и горна половина со остро назабен раб. Средните листови имаат долги дршки, додека кај најгорните листови дршките се малку покуси од листната плочка. Прилисниците се јајцевидни, во основата проширени и го опфаќаат стеблото како увце, а на врвот се заострени и по работ ситно до остро назабени.
Соцветијата се со пречник од околу 10 мм и се составени од 10–20 цветови. Дршката на соцветието е влакнеста и два до пет пати подолга од самото соцветие. Цветовите се приседнати.
Чашката е долга околу 3 мм и има заострени, линејни запци. Горните чашкини запци се многу куси и покуси од горниот трубест дел на чашката, додека долните се три до четири пати подолги од нив. Венчето е жолто, долго околу 5–7 мм. Барјачето е долгнавесто-јајцевидно и по површината надолжно набраздено. Плодот е мешунка со речиси право столпче, кое е малку покусо од самата мешунка.
Распространетост во Македонија Trifolium patens главно расте во влажните ливади и блата, покрај реките и потоците на надморска височина до 2000 метри. Растението е широко распространето по целата територија на Македонија.
Наводи Dyntaxa Trifolium patens Zohary,M. & Heller,D., 1984 The Genus Trifolium. Jerusalem. Heywood,V.H. & Ball,P.W., 1968 Leguminosae.In:Flora Europaea Vol.2.ed.Tutin,T.G.et al. Czerepanov,S.K., 1981 Plantae Vasculares, URSS. Leningrad. Roskov Yu.R., 2005 Editorial scrutiny: Northern Eurasia data Import (unpubl.) von Schreber,J.C.D., 1804 Deutschl.Fl. (Abt.1, Band 4, Heft 16)
Надворешни врски
Категорија:Детелина Категорија:Флора на Македонија