Polystichum lonchitis е вид папрат кoj потекнува од поголемиот дел од северната полутопка; од Евроазија до Алјаска и Гренланд и на југ во планинскиот централен дел на Северна Америка. Има цврсти, сјајно зелени, исправени листови и расте во влажни, засенчени, карпести планински живеалишта.

Опис лево|мини|Природен отисок|222x222пкс Оваа папрат има неколку исправени, линеарни листови до 60 цм долги. На сеновити места листовите може да се држат хоризонтално. Листовите се сјајни и цврсти, пердувести, со многу копјести до издолжени перкидо 3-4 цм долги, најдолгите се наоѓаат близу до средината на листот, базалните се помали и триаголни по форма. Перките малку се преклопуваат една со друга и се назабени со истакнати боцки насочени кон надвор на рабовите. Сорите се заоблени, со белузлава до сива обвивка и се распоредени во два реда на долната страна од перките. Ова е бавно растечко, долговечно растение.

Распространетост и живеалиште Polystichum lonchitis е арктичко-алпски вид со циркумполарно бореална и планинска распространетост на северната полутопка. Најдобро расте во варовничка почва на ладни, влажни места во подножјето на карпите, и пукнатини, меѓу камења и во длабоки шуплини во варовници. Расте и на други видови карпи сè додека не им недостасува калциум. На Британските Острови се јавува во Шкотска и западните периферии на Англија, Велс и Ирска, како и на расфрлани локации на други места. Се јавува на една локација во Северна Ирска, во шумскиот парк Лоф Навар во Фермана, и поради неговата реткост таму, е наведен како приоритетен вид во Северна Ирска.

Во Македонија Во Македонија расте по засенчени места, и тоа особено по варовничките камењари, а поретко на друга подлога. Ова е често растение по нашите планини: Шар Планина, Скопска Црна Гора, Кораб, Дешат, Јабланица, Јакупица, Галичица, Баба со Пелистер, Ниџе, Кожуф и Рудока.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 65-66, МАНУ, Скопје, 1985

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Рачен третман на Џепсон Флора на Северна Америка Фото галерија

Категорија:Папрати Категорија:Флора на Македонија