Желево (, Андартико; до 1927 г. Ζέλοβο, ЗеловоΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ζέλοβο – Ανταρτικόν) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 43 жители (2021) — сите Македонци.
Географија Селото е сместено во областа Корешта, 30 км југозападно од Лерин и 38 км северно од Костур. Лежи на брегот на Рулска Река (месно наречена Желевска Река), во подножјето на планината Бигла.
Атарот е мошне голем, со површина од . Три четвртини отпаѓа на планински предели. Селото на североисток се граничи со Песодер, на север со Герман, на северозапад со Рудари и П’пли, на запад сп Оровник и Буковик, а на југоисток со Оштима и Трсје.Томев, Фото. Кратка история на село Желево, Македония, издава Желевското Благотворителното братство в Торонто, Торонто, 1971/Tomev, Foto. Short history of Zhelevo village, Macedonia, Zhelevo Brotherhood, Toronto, 1971, стр. 7–8.
Историја Во Отоманското Царство Селото најпрвин се наоѓало на повисоко место, во месноста денес наречена Лазина или Старо Желево. Според преданието, тоа село е напуштено поради голем порој во кој се пролизгале и срушиле селските градби. Првите преселници во новото село се занимавале со дрварство, изработка на дрвена покуќнина и орудија кои ги продавале во Лерин.Томев, стр. 10-16 Забележано е дека во 1915 г. во Старо Желево сè уште биле зачувани темелите на тие куќи.
Во османлиски дефтер од XV век во Жељова по име се заведени 92 глави на семејствата.Гандев, Христо. „Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване“, Наука и Изкуство, II изд., София, 1989. Во даночните записници од средината на XV век Желево е споменато со 35 глави на семејства и двајца неженети: државата имала вкупен приход од селото во износ од 2.275 акчињаОпширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје, 1973, стр. 109..
На почетокот на ХVІІІ век е изградена црквата „Св. Никола“,Томев, стр. 19-20 на чие место во 1925 г. е подигната нова.
На крајот на XIX век Желево било македонско село в Костурската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Селево (Sélévo) било серло во Костурската Каза со 90 домаќинства и 265 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 108 – 109.
Кон средината на XIX век во Желево почнале да се чувствуваат струењата на македонската преродба. Во 1864 г. по иницијатива на преродбеникот и војвода во Македонското востание, Павле Јанков во селото е изградена втора црква — „Св. Атанасиј“, но грчкиот владика од Костур одбивал да ја освети сè додека не бидат отстранети словенските натписи. За нив е постигната спогодба, па овие натписи останале избришани сè до повлекувањето на патријаршијата во 1908 г. кога селаните ги обновиле и нарачале нови икони и живопис од мајсторот Ѓорѓи и син му Никола од Лазарополе.Томев, стр. 20-24.
Во селото работела и бугарската пропаганда, бидејќи е познато дека во 1880-тите Желево имало бугарско училиште, кое грчкиот владика лично дошол да го затвори.Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга първа, стр. 360. Според историчарот на селото, Фото Томев, првиот обид за отворање на бугарско училиште во селото е направен во 1883 г., но ова не успеало поради противдејствата на грчкиот учител.Томев, стр. 22-24.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Жељово имало 1.250 жители Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Желево се води како чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 220 куќи.
Во Желево со полна пареа работела и грчката пропаганда и успеала да стекне разни приврзаници. Селото било база на грчките андарти кои војувале со четите на Македонската револуционерна организација. По грчки податоци во летото 1902 г. во селото живееле 300 семејства, од кои 10 биле под врховенството на Бугарската егзархија, а сите останати под Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Желево имало 1.760 Македонци под патријаршијата и во селото работело грчко училиште.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181. По Илинденското востание половина од жителите прешле под врховенството на Бугарската егзархија, иако до 1907 г. двете селски цркви биле во контрола на грчката патријаршија. Бугарската пропаганда извлекла голема полза од силните обиди за погрчување на населението, па во јануари 1907 г. населението било приморано да бара преоѓање под водството на егзархијата и бугарски учители како единствена и подобра алтернатива.Божинов, Воин. Българската просвета в Македония и Одринска Тракия 1878-1913, София 1982, с. 251 — петмина од жителите на селото се потпишале на кирилица, останатите со грчки букви. До летото 1908 г. егзархиските семејства ги опслужувал поп од с. Оштима. Неколку недели по Хуриетот во селото почнал да работи и првиот месен егзархиски свештеник, Илија Трајанов.Томев, стр. 30-31. Во 1909 г. во Желево имало над 200 куќи под бугарско врховенство од вкупно 250, иако прогрчките патријаршисти уште ги држеле црквите и училиштето.Телеграма на Иларион од Костур Според Георги Константинов Бистрицки Желево пред Првата балканска војна се состоело од 270 македонски куќи.Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 6.
Во 1906/7 г. по неколкугодишни судски тужби и саботажи, желевци успеале да го откупат чифликот на Усеин-ефенди на север од селото. Во 1909 г. неколку семејства ја откупиле и месноста Селца западно од Желево од бегот Цафо.Томев, стр. 38-41, 54-55, 103, 106.
Во 1908 г. во Желево почнало да работи бугарско основно училиште, со што бугарската пропаганда доста се зајакнала, принудувајќи ги прогрчките дејци да им ја отстапат училишната зграда. Во 1911 г. прогрчкото население изградило ново училиште на три ката со средства од Грција.Томев, стр. 58-61. Во патописниот попис од овој период, Боривое Милоевиќ забележал 250 македонски куќи.
Во Грција мини|250п|Желево во Првата светска војна. По Балканските војни селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 1.415 жители. Во следниот период населението опаднало; во 1920 г. се попишани 1.162 жители, а во 1928 г. во селото живееле 1.136 лица. Во 1927 г. грчките власти го преименувале Желево во Андартико, што во превод значи андартско или бунтовничко. Предизвикано од жестоката грчка политика на прогонување, национално негирање и асимилација, во периодот меѓу двете светски војни населението бележи пад поради значајно иселување во прекуокеанските земји; шест семејства се иселиле во битолското село Породин, а извесен број во Бугарија. Така, во 1940 г. селото имало 1.040 жители.
Во текот на Втората светска војна во Желево е основана чета на бугарската паравоена организација „Охрана“,Добрин Мичев. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.) на чело со Кузе Глигоров и Филе Беќаров. Желево силно пострадало во Грчката граѓанска војна, поради што од него се иселиле дури 200 семејства — претежно во Р Македонија, а некои во источноевропски земји. На пописот од 1951 г. забележани се 1.047 жители, но набргу отпочнал голем бран на иселување во Северна Америка, така што во 1961 г. населението било речиси преполовено, со само 605 жители. Со понатамошни иселувања, во 1971 г. населението опаднало на 418 лица, за во 1981 г. да се сведе на 169, а во 1991 г. на 133 жители. Во 2001 г. селото имало 135 жители кои во 2011 г. се намалиле на само 84.
Според истражување од 1993 г. селото е „словенојазично“ и македонскиот јазик во него е зачуван на средно ниво.Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
Во Канада желевските доселеници ја имаат основано и организацијата Macedonian Human Rights Movement of Canada („Движење за македонски човекови права во Канада“) која се бори за правата на Македонците низ светот.
Иселеништво во Северна Америка На почетокот на XX век започнало иселувањето на жителите на Желево во Северна Америка. Најпрвин се одело само на печалба, но потоа желевци трајно се вдомиле во САД и Канада. Први на печалба во САД во 1902 г. занимале Ламбро и Андреја Николовски. Во Торонто, Канада први се доселиле браќата Димитар и Христо Хаџипавлови, Спиро Додев и Крсте Дибранов. Печалбарството се засилило по Илинденското востание. Во 1905 г. 30 желевци пристигнале на работа во Торонто.Томев, стр. 72-77, 79. Благодарение на средствата спечачени од соселаните во Северна Америка, во периодот пред Балканските војни, селото приметно напреднало — се граделе нови куќи, се купувале нови земјишта и домашни животни. По Првата светска војна сè повеќе желевци почнале трајно да се отседнуваат во Канада.Томев, стр. 103-104, 106. По некои проценки, нивниот број во поново време изнесува 400 семејства.Трайков, Веселин. История на българската емиграция в Северна Америка, София 1993, с. 56
Голем број Македонци од ова село под притисок од грчката влада и најзиниот геноцид се иселија во западните земји. Во Канада тие ја основаа организацијата Macedonian Human Rights Movement of Canada која се бори за правата на Македонците низ светот.
Желевско братство во Торонто
Во 1907 г. преселниците од Желево го создале Желевското братство во својата колонија во Торонто,Трайков, Веселин. История на българската емиграция в Северна Америка, София 1993, с. 161 со Атанас Марковски како претседател и Фото Марков како негов благајник. Набргу потоа друштвото е затворено, па пресоздадено одново на 1 октомври 1921 г. За прв претседател е избран Трпе Стефов, а за секретар — Крсте Петров. Во дејноста на братството се вклучиле и патријаршисти. Во 1929 г. основано е и Младинско друштво при Братството, но наскоро е затворено. Во 1948 г. во друштвото изградило и своја зграда во Торонто, наречена „Желевски дом“.Томев, стр. 88-100.
Население
Стопанство Желево се смета за сиромашно село. Населението одгледува жито и грав, а е занимава и со сточарство.
Редовни настани Традиционална слава на селото е Свети Атанас Велики - Летен, кој ја одбележува смртта на св. Атанасиј Александриски на 2 мај.Томев, стр. 70-73.
Личности Родени в Желево мини|250п|Трајко Желевски (првиот застанат одлево) со костурски војводи. мини|250п|Ставро Стоянов Ѕавела от Рулја, Тома Желински од Желин и Трајко Тодев од Желево. Андон Киров (Αντώνιος Κύρος, Κύρου) — гркомански андартски деец од II класа Васил Балков (Βασίλειος Μπάλκος) — гркомански андартски деец од II класа, член на месниот грчки комитет, работел со грчкиот конзулат во Битола и директорувал со училиштето во Писодер и други грчки училишта Васил Ланѕак (Βασίλειος Λιαντζάκης) — гркомански андартски деец од III класа Ѓорѓи Ланѕак (Γεώργιος Λιαντζάκης, Λαντσάκος) — гркомански андартски деец, брат на Трајко Ланѕак, помошник на капетанот Цондос; прибирал информации за македонските чети во подрачјето Димитра Балкова (Δήμητρα Μπάλκου) — гркомански андартски деец од IV класа Елени Хаѕопулу (1896 – 1976) — деец на грчката пропаганда Иван Минов — револуционер, раководител на „Охрана“ за Желево Иљо Гадучев (Ηλίας Γκαδούσης, ? – 1906) — гркомански андартски деец, четник на Коте Христов и Георгиос Цондос Илија Мирчев (Ηλίας Μήρτσιος) — гркомански андартски деец од I класа, заедно со брат му Ланѕак и Х. Екандуцис (Η. Εκαντούτση) го основале месниот грчки комитет Јоанис Маврис (Ιωάννης Μαύρης) — гркомански андартски деец, потпомагач на четата на Каудис Јордан Марков (? – 1948), комунистички деец Јото Луловски — револуционер на МРО Кирил Нолев (? – 1918) — револуционер на МРО Лазар Киров (Лазарос Киру) — андартски капетан