Уклемеш или Келемез (, Фаранги; до 1927 г. Οκλεμέζ, ОклемезΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Οκλεμέζ -- Φαράγγι) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 137 жители (2011). Сè до 1920-тите било населено со Турци.
Географија Селото е сместено во котлината Сарѓил, на југоисточниот брег на Островското Езеро. Лежи спроти селото Пателе.
Историја Во Отоманското Царство Во г. хрватскиот етнограф 1889 година Стефан Верковиќ напишал за Уклемеш:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Јуклемес имал 150 жители Турци.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 248 жители, кои во 1920 г. биле 250. Во 1920-тите по сила на Лозанскиот договор жителите како муслимани се иселени во Турција, а на нивно место властите довеле христијани од таа земја. Во 1927 г. селото е применувано во Фаранги. Во 1928 г. Уклемеш е заведено како наполно дојденско село со 109 дојденски жители од 26 семејства.
Население
Стопанство Главни производи на селото се житото и грозјето, а застапени се и овоштарството и сточарството
Поврзано Островско Езеро Сариѓол
Наводи
Категорија:Суровичево