мини|десно|Куќи во Зелениче. Зелениче или Зеленич (, Склитро; до 1927 г. Ζέλενιτς или Ζελενίτσι, Зелениц, ЗеленициΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ζέλενιτς - Σκλήθρον) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 532 жители (2011), од кои преку две третини се Македонци.

Географија Селото е сместено на 51 км југоисточно од Лерин (18 км по воздушна линија), 5 км југозападно од Ајтос и 3 км западно од езерото Зазерци. Лежи во котлината во подножјето на Керечка Планина, која е огранок на Вич. Крај него минува главниот пат од Суровичево за Костур преку с. Клисура.

Историја Во Отоманското Царство Зелениче е едно од најстарите села во подрачјето и датира од околу 1300 г. Селото за првпат се спомнува во османлиски дефтер од 1481 г. под името Желенич.Kravari, Vassiliki. Villes et villages de Macédoine occidentale, Realites byzantines, Paris: Editions P. Lethielleux, 1989, p. 353. ISBN 2283604524.

Во XIX век Зелениче е големо мешано македонско-турско село. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) Зеленич како македонско село.Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 93.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Зеленич (Zélénitch) било село со 450 домаќинства од 628 жители Македонци и 650 жители муслимани.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 82-83.

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Зелениче:

мини|250п|Стара куќа во Зелениче. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Зелениче имало 1.800 жители Македонци, 500 жители Турци и 72 Роми.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 250. На почетокот на XX век во Зелениче работеле и бугарската и грчката пропаганда. Мнозинството од христијанските жители на Зелениче биле под врховенството на Бугарската егзархија. Според грчки податоци, на почетокот на векот во селото имало 150 семејства муслимани, 150 семејства под егзархијата и 65 под Цариградската патријаршија. Во август 1902 г. патријаршиските семејства се свеле на 23, а подоцна на 15. На 2 мај 1903 г. во борба во месноста Црна Вода се убиени четниците Стефан Которчев, Васил Которчев, Михаил Колинов, Јанко Чавков и Петре Масин. Во самото село се убиени селаните Георги П. Боглев, Геле Нанов и Христо Динев, а на 16 август е убиен и четникот-илинденец Дине НанчовИлюстрация Илинден, бр.135, стр. 13.

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 1.656 Македонци под егзархијата, 192 Македонци под патријаршијата и 102 Роми християни; во селото работеле две бугарски и едно грчко училиште.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177. Учители во бугарските училишта во Зелениче биле Б. Типев, Г. Дрндаров, Л. Дукова, А. Христова и Б. КарамфиловиќГенов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр. 37. Во 1907 г. во Зелениче имало македонска црква со двајца свештеници.Етнография на Македония. Извори и материали в два тома, отговорен редактор Маргарита Василева, т. 2, София 1992, стр. 41. Цариградскиот револуционер Христо Силјанов напишал за Зелениче: мини|250п|Камбанаријата на црквата „Св. Ѓорѓи“.

Во септември 1910 г. селото настрадало во наразоружителната акција на младотурците.Дебърски глас, година 2, брой 24, 2 октомври 1910, стр. 2.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година селото имало 2.232 жители, а во 1920 г. броело 2.219 лица. Во 1923 г. по сила на Лозанскиот договор, турските жители на Зелениче се иселени во Турција (вкупно 1.100 лица од 170 семејства). На нивно место властите довеле грчки колонисти од Мала Азија, Источна Тракија и Кавказ. Во 1928 г. селото е заведено како етнички мешано (македонско-дојденско) со вкупно 1.347 жители 379 (87 семејства) биле грчки дојенци, а останатите Македонци. Во 1927 г. властите го преименувале селото во Склитрон. По податоци на жандармериските власти, во 1932 г. во Зелениче имало 353 македонојазични семејства, од кои 326 со сопствена национална свест.Нарекувајќи ја нивната свест „бугарска“ поради грчкото непризнавање на македонскиот идентитет.

мини|250п|Поглед на селото кон Вич.

Во 1940 г. Зелениче броело 1.342 лица, но во Граѓанската војна го напуштиле 58 семејства, од кои 28 се преселиле во Р Македонија, а 30 во источноевропските земји. Со тоа, во 1951 г. населението се намалило на 1.153, а во 1961 г. на 1.084 жители. Во 1960-тите селото го зафатило бран на иселување во прекуокеанските земји и селото продолжило да се намалува.

Цркви Селото ги има следниве верски објекти: „Св. Димитриј“ — гробишна црква од 1864 г. „Св. Ѓорѓи“ — црква од 1867 г. „Живототворен извор“ (изворно „Св. Петка“) — параклис на рид над селото

Население

Стопанство Главни производи на селото се детелината, компирот и сточарските преработки. Во август секоја година се одржува Компиријада.

Личности Родени во Зелениче мини|Кочо Цонката мини|Фоте Кирчев Васил Костов – Кокошката — револуционер од ВМРОНиколов, Борис. ВМОРО – псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр. 53 Васил Христов (1893 – 1963) — општественик, деец на Македонската федеративна организација (МФО) Георги Гизов (1905 – ?) — педијатар и универзитетски предавач во Бугарија Георги Мицарев — просветен деец, учител во ПрекопанаХристов, Наум. Моята автобиография, стр. 14. и Тиквеш, свештеник во ТракијаКостенцев, Арсени. Спомени, София, 1984, стр. 124 – 125. Димитар Мицаров (Отец Крчовски) — просветен деец, свештеник и револуционер, учесник во Охридскиот заговор Църнушанов, Коста. Охридското съзаклятие, София, 1967, стр. 133. Кочо Цонков (1866 – 1906) — ајдутин и револуционер Лазар Бицанов — револуционер Стефан Димитров (1876 – 1905) — револуционер Стефан Николов - Калфата — револуционер Фоте Кирчев (1875 – 1956) — револуционер, деец на ВМРО Стив Плијакес — американски и канадски стопанственик, хуманитарец и битен деец во македонската заедница во тие земји. Претседател на организацијата „Обединети Македонци“.

Починати во Зелениче Пандо Мечкаров (1869 – 1904) — револуционер, деец на ВМРО Мате Булев (1904 – 1949) — партизан, деец на СНОФ, НОФ и ВМРО (Обединета)

Поврзано Сариѓол

Наводи

Категорија:Зелениче