Крапешино или КрапештинаСо варијантите Крапештино односно Крапештина, Крпешина. (, Атрапос: до 1926 г. Κραπέστινα, Крапестина) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 121 жител (2021) и до денес е целосно населено со Македонци.

Географија и местоположба Селото е сместено на јужните падини на планината Лута, огранок на Нередска Планина, околу 6 км јужно од градот Лерин и на 9 км југозападно од Кучковени, на надморска висина од 880 м.

Историја

Во Отоманското Царство Според преданието селото било основано на крајот на XVIII или почетокот на XIX век од Крапо, Влав по народност, по кого селото го добило името. Меѓутоа, во историските документи, Крапешино се среќава во турските дефтери за Леринската Нахија дури во XVI век.

Во ХІХ век Крапешино било македонско село во Леринската Каза на Битолскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. во Крапешино живееле 320 жители, сите Македонци.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Крапештина се води како чисто македонско село во Леринската Каза на Битолскиот Санџак со 50 куќи.

За време на Илинденското востание селото е опожарено од аскер и башибозук.„Автономия“, № 13. По востанието целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Крапешино (Krapechino) имало 416 жители Македонци под врховенство на егзархијата. За учител на месното училиште, во 1908–1910 г. е назначен свештеникот Атанас Шишков.

Во септември 1910 г. селото настрадало во разоружувачката акција на младотурците. Властите побарале предавање на 150 пушки од селото.Дебърски глас, година 2, брой 22, 18 септември 1910, стр. 3.

За време на Првата балканска војна, 1 лице од Крапешино се вклучило во Македонско-одринските доброволни чети.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото имало приближно 400 жители, од кои 225 Македонци и 175 „Грци“, при што сето население говорело само на македонски јазик.Anastasia Karakasidou. Rites of Purification, Acts of Retribution. Language and reprsentation of identity in Northwestern Greece. In: Nugent, David. Locating Capitalism in Time and Space, Stanford University Press, 2002, 180. Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Крапешина пред Балканските војни имала 70 куќи на Македонци христијани. На пописот од 1920 г. бројот на жители се зголемил на 502 лица, кои во 1928 г. броеле 543 жители.

Во 1926 година, името на селото било променето во Атрапос (Ατραπός), со значење „патека“.

Според гркоманскиот андарт Стефос Григориу, во 1934 г. Крапешино било чисто македонско село, со само едно грчко семејство – тоа на месниот црковен свештеник. Во 1935 г. селото имало 92 семејства, од кои 66 имале „словенска [македонска] самосвест“, а останатите 26 домаќинства биле „туѓогласни со грчка самосвест“. Мнозинството од населението било определено како „антигрчко“ или со „нејасни ставови“.

Меѓу двете светски војни во прекуокеанските земји емигрирале 53 лица, од кои извесен број ги повлекле и своите семејства. Во Грчката граѓанска војна (1946–1949) селото не настрадало многу, но заради неподносливата состојба околу 20 семејства пребегнале во Република Македонија и источноевропските земји.

Есента 1959 г. жителите на Крапешино биле принудени на масовна церемонија да дадат заклетва дека повеќе нема да говорат македонски.Весник „Фони тис Касторијас“, 4 октомври 1959: „Во текот на последниве два месеца жителите на неколку села во Северна Грција на официјални масовни церемонии изјавија дека ќе престанат да го зборуваат словенскиот дијалект [т.е. македонски јазик] и во иднина ќе зборуваат само на грчки. Првата церемонија се одржа во селото Кардија [Требино], Еордејска околија на Кожанскиот Округ, кое според пописот од 1951 г. има 692 жители. Церемонијата е спроведена и во други села како Крија Нера [Лудово] од општината Лакомата [Старичани] во Костурскиот Округ (41 жител) и Атрапос [Крапешино] од Леринскиот Округ (466 жители).“ +Места во заедницата Крапешино преименувани со службен указ на 28 септември 1968 годинаИмеИмеНово имеНово имеОписБелкоΜπέλκοАспроремаΆσπρόρεμαрека на СИ од Лаген, десна притока на Белкаменска РекаБлагуноΜπλαγουνοГикеријаΓκυκερίαврв на Вич на ЈИ од Крапешино и на СИ од Лаген (1.186 м)ЛакатаΛάκαταЛакаΛάκκαмесност во Вич, на Ј од Крапешино и на С од Лаген, по десниот брег на МалечкаКуртовоΚουρτοβοКиртонΚυρτόνВослоΒόσλοКендриΚεντρίврв на Вич на ЈЗ од Долно Котори (1.239,1 м)Голем ПрисојΓκόλεμ ΠρισόιПросилионΠροσήλιονврв на Вич на И од Крапешино и на З од Долно Котори (899 м) +Места во заедницата Крапешино преименувани со службен указ на 6 август 1969 годинаИмеИмеНово имеНово имеОписГлаватаΓκλαβάταКорифи ВелиуΚορυφή Βέλιουврв на Вич на ЈЗ од Лаген (1.881,6 м)ОрланΌρολάνКорифиΚορυφήврв на Вич на З од Елово Според истражување од 1993 г. селото е чисто „словенојазично“ и во него македонскиот јазик е одлично зачуван.Riki Van Boeschoten. „Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)“

Стопанство Основни стопански гранки на населението се земјоделието и сточарството. Главни производи се жито и грав.

Население

Самоуправа и политика Во 1918 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 24 квадратни километри. Општината Крапешино била приклучена во општината Кучковени во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Лерин.

Селото припаѓа на општинската единица Кучковени со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Лерин, во округот Лерин. Воедно, селото е седиште на општинскиот оддел Крапешино, во кој е единствено село.

Личности Родени во Крапешино

Атина Атанасова Нотева (1923–?) — членка на ЕПОН од 1942 г. и на АФЖ од 1943 г., по падот на ДАГ во 1949 г. емигрира во Југославија, во 1955 г. - во Унгарија, а во 1957 г. во Бугарија, каде остава спомени Иван Филев (1893–?) — борец во Македонско-одринските доброволни чети, I чета на VI Охридска дружина Сотир (1929–1946) — партизан на ДАГ, учесник во НОБ во Егејска Македонија Сотир Вељов (Σωτήριος Βέλιος) — гркомански андарт од втора класа Тома Поп Јованов (Θωμάς Παπαϊωάννου) — селски поп, гркомански андартски деец од четврта класа

Редовни настани СлавиОфицијална веб-страница на поранешната Општина Кучковени

Преображение Христово (5–6 август) — главна селска слава

Наводи

Надворешни врски Портал на Општина Лерин

Категорија:Лерин