Јуруково (, Јуруки) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 31 жител (2011), сочинето исклучиво од Македонци.

Географија Селото е сместено во источниот дел на Леринското Поле, 23 км североисточно од Лерин, недалеку од границата со Р Македонија. Традиционално е познато и како Долно Маало на селото Крушоради.Крушоради има три маала. Двете се чифлици с беговска кула, надзорници (ќаи) и пазачи Арнаути, а третата, која се нарекува и Јуруко, претставува нешто како одделно село со триесетина куќи — напишал Христо Силјанов во „Писма и исповеди од еден четник“ (1902), стр. 294.

Историја Се смета дека во подалечното минато местото било населено со Јуруци, поради што го добило ова име, а подоцна станало македонско село. Така, на почетокот на XX век е забележано дека Јуруково било чисто македонско село во Леринската Каза. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Јурук (Юрокъ, Юроково) живееле 216 Македонци христијани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 249.

Во понатамошните пописи сè до 1971 г. Јуруково се вбројувало во состав на Крушоради, и затоа за него нема одделна статистика. На пописот од 1971 г. почнало да се брои како одделно, со население од 85 лица. Во понатамошните десетлетија селото бележи пад.

Население

— : Во првите три наведени пописни години е вбројано во Крушоради како негово маало.

Наводи

Категорија:Лерин