Кучковени (, Перасма, до 1926 г. Κουτσκοβαίνη, КуцковениΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κουτσκοβαίνη -- Πέρασμα) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на Леринскиот Округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 435 жители (2011), сите Македонци.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во Леринското Поле, 4 км југоисточно од Лерин, на Менска Река. Лежи на надморска височина од 660 м, а атарот зафаќа површина од .

Историја Османлиско време Селото првпат се споменува во турски тефтер од 1481 г. под името Кучковјани со 67 домаќинства.Kravari, Vassiliki. Villes et villages de Macédoine occidentale, Realites byzantines, Paris: Editions P. Lethielleux, 1989, p. 290. ISBN 2283604524.

Во даночните регистри на немуслиманското население население на Леринскиот вилает од 1626-1627 г. селото е заведено како Кучјовени со 15 домаќинства.Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 333 Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал како македонсконарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската политика село.Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 93.

Во 1861 г. австрискиот допломат Јохан Георг фон Хан на етничката карта на долината на Вардар го бележи Куцковен како македонско село.Croquis der westlischen Zurflüsse des oberen Wardar von J.G. von Hahn. Deukschriften der k Akad. d wissenseh. philos. histor. CIX1Bd, 1861. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ ги претставува податоците за 1873 г. двапати — еднаш како Кочкојни (Kotchkoïni), село во Леринската Каза со 290 домаќинства со вкупно 830 жители Македонци и 100 муслимани и вторпат кајо Кучковен (Koutchkovène), село в Костурската Каза со 70 домаќинства со вкупно 250 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.82-83 и 110-111. Во 1878 г. во Леринско делувала четата на војводата Дељо Стоев од Кучковени.

Во 1900 г. според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Кучковени (Кучкоени) живееле 840 Македонци христијани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 249.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кучковени се води како чисто македонско село во Леринската Каза на Битолскиот Санџак со 46 куќи.

Според извештајот на бугарскиот трговски агент во Битола, Андреј Тошев, целото село (46 куќи) било во состав на Костурска епархија на Цариградската патријаршија, на крајот од 1902 г. потпаднало под врхоенството на Бугарската егзархија.Георгиев, Величко, Стайко Трифонов. Гръцката и сръбската пропаганди в Македония. Краят на XIX — началото на XX век, София, Македонски научен институт, 1995, стр. 26.Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том I, София, 1993, стр. 125. По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Кочковени имало 760 Македонци под врховенството на егзархијата.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177.

Припојување кон Грција Со Букурешкиот договор во 1913 г. Кучковени било припоено кон грчката држава, кога имало 566 жители. Во неговиот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ завел 100 македонски куќи. Во 1920 г. населението се накачило на 644 жители, а во 1926 г. селото е преименувано во Перасма. Во дописка од 1932 г. началникот на жандармериската управа од Долно Котори, Димитриос Кабурас, ги нарекол кметот на Кучковени и општинските советници во селото „фанатични бугари“ (мислејќи секако, на Македоннци) и предложил да се сменат.

Втора светска и Граѓанска војна За време на Втората светска војна Кучковени било окупирано од Бугарите кои воспоставиле општинска власт.Даскалов, Георги. „Българите в Егейска Македония, мит или реалност“, Македонски научен институт, София, 1996, стр. 487.

Селото не пострадало во Граѓанската војнаи не дошло до значајно иселување на жителите, со исклучок на неколку семејства, прогонети во источноевропските земји. Намалувањето на населението по војната се должи на сè поголемото иселување во прекуокеанските земји.

Денешна состојба Според истржаувањето од 1993 г. селото е чисто „славофонско“ и македонскиот јазик е одлично зачуван.Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"

Население

Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Кучковени со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Лерин, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Кучковени, каде тоа е единствено населено место.

Стопанство Селото важи за мошне богато. Населението се занимава со земјоделство и овоштарство, при ѓто најзначајни култури се гравот и јаболкото. Земјиштето се наводнува од Менска Река, која тече низ селото.

Цркви „Свети Бессребреници“ од 1300 г.

Личности Кочо Дељов (1880 - 1910) — лерински воjвода на ВМРО Елена Ангеловска — учесник во НОВ на Македонија. Никола Рапов — комунистички деец и член на НОФ.

Наводи

Категорија:Лерин