Лажени (, Месониси; до 1926 г. Λάζενη, ЛазениΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λάζενι -- Μεσονήσι) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 198 жители (2011). Во селото и денес живеат исклучиво Македонци.

Географија Селото е сместено во Леринското Поле, меѓу Сакулева Река (Леринска) и Менска Река, 6 км источно од градот Лерин.

Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Лажени било чисто македонско село во Леринската Каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го води Лежини како македонско село.Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.93. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Лајени (Layéni) било село до 80 домаќинства со 200 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 84-85. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Лажени имало 200 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 249. На почетокот на XX век целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Лажени (Lajani) имало 336 жители под врховенството на Цариградската патријаршија и во него работело грчко училиште.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лажен се води како чисто македонско село во Леринската Каза на Битолскиот Санџак со 65 куќи.

Во Грција По Балканските војни, со потпишувањето на Букурешкиот договор Лажени во 1913 г. е припоено кон Грција. Во 1926 селото е преименувано во Месониси. Во 1920 г. селото имало само 131 жител, но нивниот број се зголемил на 189 во 1928 и 328 во 1940 г.

Лажени не настрадало во Грчката граѓанска војна, и затоа во 1951 г. имало 336 жители. Сепак, во 1961 г. нивната бројност опаднала на 256, а во 1971 г. на само 139 жители. Следниот период бележи извесен опоравок на бројноста, со 276 во 1981 и 288 лица 1991 г. иако населението било помалубројно, бидејќи таа година кон него се вбројани и жителите на градската населба Ж. Станица Лерин На пописот во 2001 г. Лажени имало 227, а на следниот од 2011 г. се смалило на 198 лица.

Население

Родови Како некои од родови во селото според истражувањата од почетокот на XX век се забележуваат:Милојевић, Боривоје. Јужна Македонија: антропогеографска испитивања, 1920 г.

Божиновци (5 куќи) староседелци Крушовци (3 куќи) доселени од Крушево на крајот на XVIII век

Стопанство Главни производи на Лажени се житото, тутунот, јагодите, вишните и јаболката.

Поврзано Леринско Поле Сакулева Река ЖС „Лажени“ — месната железничка станица

Наводи

Категорија:Лерин