Лесковец (, Лептокариес; до 1926 г. Λεσκοβίτσα, ЛесковицаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λεσκοβίτσα -- Λεπτοκαρυές) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 62 жители (2011) — сите Македонци.
Географија Селото е сместено во средиштето на Леринското Поле, 9 км југоисточно од Лерин. Лежи близу ридот Радош на планината Мала Река.
Историја мини|250п|Лесковец во Првата светска војна. Во Отоманското Царство Лесковец се за првпат се среќава во документ од XV век како Лесковчене, во кој по име се зведени 58 глави на домаќинствата.Гандев, Христо. „Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване“, Наука и Изкуство, II изд., София, 1989. Меѓутоа, податоците може да се однесуваат и на Лескоец, Ресенско.
Во XIX век Лесковец било македонско село во Леринската Каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Лесковец како македонско село.Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.93. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Лесковец (Leskovetz) било село во Леринската Каза со 50 домаќинства и 145 (или 185) жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.82 – 83, 84 – 85 и 110 – 111. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Лесковец (Лсковецъ) имал 330 жители, сите Македонци христијани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 250.
Во селото работеле и грчката и бугарската пропаганда. Според извештајот на бугарскиот трговски агент во Битола Андреј Тошев, на 25 декември 1902 г. целото село (46 куќи) потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија, кое дотогаш било под Цариградската патријаршија.Георгиев, Величко, Стайко Трифонов. Гръцката и сръбската пропаганди в Македония. Краят на XIX – началото на XX век, София, Македонски научен институт, 1995, стр. 25 – 26.Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 126. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото жвееле 368 Македонци, сите под егзархијата.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176 – 177.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лесковец се води како чисто македонско село во Леринската Каза на Битолскиот Санџак со 46 куќи.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 249 жители. Боривое Милоевиќ малку подоцна го спомнува со 50 македонски куќи, а во 1920 г. броело 238 лица. Во 1926 г. селото е преименувано во Лептокариес, што е буквален превод на македонското име.
Иако не настрадало во Граѓанската војна, населението значително опаднало во текот на 1960-тите поради иселувања во прекуокеанските земји. Подоцна се одржало устојчиво, но почнало значајно да опаѓа во 2000-тите, при што во него во 2011 г. се збележани само 62 лица.
Според истражување од 1993 г. селото е чисто „словенојазично“ и во него македонскиот јазик е зачуван на високо ниво.Boeschoten, Riki Van. „Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)“
Цркви „Рождество на пресв. Богородица“, изг. 1950 г. „Св. Ѓорѓи“Портал на поранешната Општина Кучковени
Селска слава е Мала Богородица, на 8 септември.
Население
Стопанство Населението претежно се занимава со огледување на тутун, а застапено е и сточарството.
Личности Михо Трпко (Петре-војвода) — ајдутин од XVII век Дељо Лесковски — ајдутин од крајот на XIX век Лазар (Ѕоле) Бегалкин — револуционер на МРО, војвода на селската чета од Лесковец по 1904 г.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 17.
Поврзано Леринско Поле
Наводи
Категорија:Лерин