Негочани (, Ники; до 1926 г. Νεγκότσανη или Νεγοτσάνη, НегоцаниΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Νεγκοτσάνη -- Νίκη) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на Леринскиот Округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 209 жители (2021) и до денес е чисто македонско.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во Леринското Поле, 17 км северно од Лерин крај реката Ракова, на на самата граница со Република Македонија. Лежи на надморска височина од 592 м, а атарот му опфаќа . Во селото е сместен граничниот премин Негочани-Меџитлија за влез во Р Македонија.
Историја Османлиско време мини|десоно|250п|Земјоделски објекти во Негочани за време на Првата светска војна Негочани првпат се споменува во турски даночен регистар од 1468 г. како село со 200 домаќинства. Во 1481 г. бројот на домаќинствата се намалил на 112. Во записот се вели дека во селото се огледуваат лозја, лен, коноп, пчели и свињи и дека има мелници и пазар.Kravari, Vassiliki. Villes et villages de Macédoine occidentale, Realites byzantines, Paris: Editions P. Lethielleux, 1989, p. 304. ISBN 2283604524.
Селото се споменува во османлиски даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Манастир во 1611-1612 година под името Негочан со 65 домаќинства.Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 181.
Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Негофа како македонско село.Во постари извори Македонците биле именувани како Бугари заради политички причиниГригорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.93. На почетокот на XX век селото ѝ припаѓало на Битолската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 Негочани имало 500 жители Македонци и 150 жители Арнаути-муслимани.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.236. На почетокот на XX век селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Негочани имало 480 Македонци под грчка пропаганда и во селото работи грчко училиште.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 166-167.
Припојување кон Грција Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 630 жители. Во неговиот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ спомнува дека во селото има 40 куќи, сите македонски. Во 1920 г. се регистрирани 562, а во 1928 г. — 662 жители. Во 1926 г. Негочани е преименувано во Ники, што во превод значи победа.
Во Граѓанската војна Во Граѓанската војна селото многу настрадало, и како последица на тоа, бројот на населението почнал да опаѓа, главно поради сè поголемото отселување на жителите во прекуокеанските земји.
Негочани учествувало во организирањето на НОФ и во состав на ДАГ со 10 борци, од кои тројца ги дале животите: Митре Абуков, Крсте Гаџовски и Коста Тодоровски (Марков).
Население
Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Долно Клештино со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Лерин, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Негочани, каде тоа е единствено населено место.
Стопанство Главно занiмање на населението се производството на жито и сточарски преработки.
Наводи
Надворешни врски Стари слики од Негочани, неговите жители и нивните активности на профилот на Благојче Андонов на Facebook
Категорија:Лерин Категорија:Македонско-грчки гранични премини