Лелово или Лељово ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Μυλοχώρι — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 20 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на 10 километри североисточно Коркутово на планината Круша на Пејкова река. Селото се наоѓа на надморска височина од 510 метри.

Историја

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Лелово се состоело од 66 семејства и 290 жители Македонци и 48 ТурциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 166-167. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Лелово имало 400 жители Македонци и 250 ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 168..

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 480 Македонци и работело егзархиско училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.. Како егзархисти биле 360 жители, додека како унијати 120 жители на селото.

Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 475 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 283 жители. Големата разлика меѓу населението од двата пописа било поради тоа што селото настрадало во текот на Првата светска војна. По 1919 година, голем дел од унијатското население заминале во Бугарија, каде го основале селото Ново Делчевоhttp://www.kae-bg.org/images/content/36/istoria%20novo-delchevo.doc.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Агиос Андониос.. Името на селото доаѓа од истоименото име во Мала Азија, од каде се населиле грчките бегалци по Лозанскиот договор.

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 208 жители беалци., додека во 1940 година селото броело 416 жители. Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем дел од населението било принудено да ги напушти своите домови.

Селото во пописот од 1951 година броело 154 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 218 жители, во 1971 година имало 125 жители, во 1981 година имало 117 жители, додека во 1991 година имало 124 жители. Денеска, населението на селото е 149 жители според пописот од 2001 година.

Знаменитости

Во 1880 година, во селото била изградена црквата „Св. Антониј“, која од 30 јануари 1985 година била прогласена за историски споменик.

Личности

Родени во Лелово Атанас Гоцев (1891 - ?)„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 182. Вано Донев (1892/1893 - ?)„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 247. Васил Илиев (1884 - ?)„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 308. Георги Антонов„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 45. Георги Димитров Тасев (Гоце) (1878 - 1974) Гоце Донев (1885 - ?)„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 246. Гоце Иванов (1888 - ?)„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 280. Гоце (Георги) Митров (1887 - ?)„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 455. Гоце Стоев„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 649. Гоце Стојанов (1888 - ?)„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 667. Григор Васков (1888/1889 - ?)„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 115. Иван Андонов„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 37. Кољо Динов (1882 - ?)„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 241. Кољо М. Бојанов (1882 - ?)„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 101. Кољо Митрев (1882 - ?)„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 453. Кољо Христов (1887 - ?)„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 770. Нако Иванов (1888 - ?)„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 292. Никола Андонов„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 39. Петар Г. Јанков„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 823. Петар Донев (1892/1893 - ?) Петар Иванов„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 296. Тане Гегов (1883 - ?)„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 140. Тома Петков (1887 - ?)„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 552. Туше Панов„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 536. Туше Танов (1888 - ?)„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 691. Христо Динов (1875 - ?)„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 242. Христо Костов (1893 - ?)„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 376. Христо Коцов (1892 - ?)„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 381. Христо Пецов (1888 - ?)„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 569. Христо Пецов Христо Стоев (1880/1883 - ?)„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 650.

Наводи

Категорија:Кукуш