Водачи Претседател - Борис Трајковски Премиер - Љубчо Георгиевски Претседател на Собранието - Стојан Андов

Настани јануари thumb|десно|150px|ОНА 17 јануари - Во Скопје, во организација на телевизиската куќа БТР, излезе првиот број на весникот „Рома тајмс“, на македонски и на англиски јазик. 22 јануари - Еден македонски полицаец е убиен, а тројца ранети во нападот на полициската станица во Теарце, во близина на Тетово.

февруари 12 февруари - Први вооружени пресметки меѓу македонските сили за безбедност и припадниците на ОНА, што се смета како датум на почеток на воената криза во Македонија. 14 февруари – Собранието на Република Македонија го изгласа Законот за одбрана на Република Македонија. 16 февруари – во селото Танушевци, новинарска екипа на А1 телевизија беше заробена, а по одземањето на камерата новинарите биле ослободени. 20 февруари – основан е Централен депозитар на хартии од вредност. 23 февруари – Во Скопје е потпишан договорот за утврдување на границата меѓу Македонија и СРЈ. 26 февруари – Во реонот на селото Танушевци, во непосредна близина на граничната линија на македонско – југословенската граница (во делот кон Косово) дојде до вооружена престрелка меѓу органите на обезбедувањето на нашата граница со (тогаш) непознати вооружени лица во црни и во маскирни униформи. Почетокот на кризата во РМ.

март thumb|десно|150px thumb|десно|150px thumb|десно|150px thumb|десно|150px thumb|десно|150px thumb|десно|150px thumb|десно|150px

5 март - Во месноста Рамно, во околината на Скопје, при експлозија на нагазна мина, животот го загубија двајца припадници на АРМ. 5 март - Во месноста Рамно, во околината на Скопје, со проектил од снајперска пушка, животот го загуби еден припадник на АРМ. 14 март – Ескалација на судирите со ОНА. Во Тетово е одржан митинг со милитантни пораки. За време на митингот, албанските терористи отвораат оган врз безбедносните сили од Тетовското Кале и од околните села. 14 март - Во близина на Тетово се регистрирани серии од вооружени напади врз припадници на МВР. 15 март - Од позиции кај селата Селце, Гермо, Гајре и Шипковица е пукано врз припадниците на полицијата. Притоа беа повредени 11 полицајци, како и 4 граѓани, од кои еден почина. 16 март - Од правец од месноста Кале во Тетово било стрелано врз припадниците на полицијата, притоа била оштетена црквата Свети Никола и долноводот на ЕСМ сместен кај населбата Колтук, што предизвика прекин на струја на неколку села. 16 март - Со автоматско оружје во Тетово, од правец на Градскиот стадион, се регистрирани истрели кон припадниците на полицијата. Тројца граѓани биле полесно повредени. 17 март - во текот на воениот конфликт во Македонија, воен хеликоптер МИ-17 удри во бетонски столб на Попова Шапка. Загинаа пилотот и инженерот, а десетина војници беа повреди. 20 март - Во селото Табановце е нападната полициска патрола на СВР-Куманово. 21 март - Во комплексот Чаирчанка во Скопје, непознати напаѓачи застрелале двајца припадници на полицијата. 22 март - Кај месноста Чело, кај село Грачани - Скопско, при испукана граната е тешко повреден еден припадник на полицијата. 22 март - На локалниот пат Тетово-Вратница, на полицискиот контролен пункт, при обид да се изврши контрола на моторно возило, во правец на полициските сили беа фрлени две рачни бомби кашикари, Поради неисправност, една од бомбите не се активирала, а другата напаѓачот не успеал да ја активира. Во исто време, од страна на полицијата во правец на напаѓачите е пукано со огнено оружје и лицата се елиминирани. 22 март - Претседателот Борис Трајковски најавува жестока акција против припадниците на ОНА. Македонските безбедносни сили започнуваат офанзива во регионот на Тетово. 28 март - Во месноста Рамно - Скопско, при експлозија на нагазна мина, животот го загуби еден припадник на АРМ.

април 9 април - Потпишана е Спогодбата за стабилизација и асоцијација на Р Македонија со Европската Унија во Луксембург, со тоа Р Македонија стана првата земја од "Западниот Балкан" што потпишала таков документ. Преговорите за ССА се реализираа во значително кус период април - ноември 2000 година низ три рунди на главни преговори и пет средби на експертско ниво, односно технички преговори. Македонскиот парламент ја ратификува на 12 април 2001 г. Спогодбата за стабилизација и асоцијација беше парафирана на Самитот во Загреб на 24 ноември 2000 година. 19 април - Формирана е Нова демократија и за претседател на партијата е избран Чедо Петров. 28 април - Кај Вејце, Тетовско, се масакрирани 8 припадници на македонските безбедносни сили од страна на припадници на ОНА. Настанот се смета за едно од најголемите злосторства во поновата македонска историја.

мај 1 мај - Како реакција на Масакрот кај Вејце, во насилни демонстрации во Битола се запалени повеќе од 40 албански куќи, дуќани и фирми. 4 мај - Околу 4.000 албански герилци од Косово упаднале на македонска територија и освоиле голем дел од северниот дел на Македонија, главно во околината на Куманово. 13 мај - Формирана е Владата на широката коалиција, во која учествуваат најзначајните политички субјекти: ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ПДП. Премиер е Љубчо Георгиевски. 15 мај - Во атарот на селото Лисец - Тетовско, кај месноста Сидоле извршен вооружен напад врз припадниците на полицијата. 22 мај – При повлекувањето на припадниците за Посебна единица, во близина на полицискиот пункт кај месноста Сидол, бил извршен напад, во кој осум припадници на полицијата биле повредени а целосно било уништено моторно возило цироки и едно теренско возило хермелин. 25 мај –Во селото Матејче, Куманово била нападната полициската станица од правец на селото Отља. 30 мај – Собранието на РМ го донесе Законот за одбрана. Првиот Закон за одбрана по осамостојувањето на РМ бил донесен на 14 февруари 1992 година. 30 мај – Во близина на селото Опае, од страна на припадници на АРМ, се прифатени четири лица, кои претходно биле заробени од страна на припадниците на т.н. ОНА. 31 мај – Товарно моторно возило на АРМ, кое се движило по патот од селото Бањани кон караулата Биљак, наишло на нагазна мина. Од настанатата експлозија загинал еден припадник на АРМ, а возачот на моторното возило било потешко повредено.

јуни thumb|десно|200px 3 јуни - При вооружени престелки во селото Матејче - Куманово, повредени се пет припадници на полициските сили. 5 јуни - На пунктот Шипковечка кривина во Тетово е извршен напад врз безбедносните сили при кое загинаа пет припадници на АРМ, а тројца се потешко повредени. 6 јуни - Граѓаните на Куманово се соочија со недостиг од вода за пиење, бидејќи од страна на припадниците на ОНА биле затворени вентилите на Липковско Езеро. 8 јуни - Припадниците на ОНА воспоставуваат контрола врз скопското село Арачиново. Голем број на население било насилно протерено од селото. Дел од албанското население се упатило кон границата со Косово, СР Југославија, а дел од македонското кон Скопје. Притоа, биле заробени и во заложништво држани неколку лица од македонска припадност и физички малтретирани. 8 јуни - Оштетен е долноводот за напојување на електрична енергија на Попова Шапка и околните села Шипковица и Гајре, по кое овие реони останаа без струја. Како резултата на ова, четири хидроцентрали кои го снабдувале Тетово со вода, престанале да работат. Околу 40% се намалил дотекот на вода во водоводната мрежа на оваа општина. 11 јуни - Со претходен договор со ОБСЕ, од страна на безбедносните сили на Македонија се прекинати вооружените дејствија за чистење на теренот на реонот во Куманово и Липково, со цел да се решат хуманитарните катастрофи предизвикани од недостиг на храна за населението и дотур на вода во Куманово. . 12 јуни - Генерал потполковник Јован Андревски, Началник на Генералштабот на АРМ, поднесе неотповиклива оставка, како морален чин, сочувствувајќи со огромната загуба на млади животи во Армијата. 12 јуни - Шест припадници на полицијата се повредени на регионалниот пат Јажинце-Тетово. 17 јуни - На полицискиот пункт кај Пожарниот дом во Тетово, при претрес на патничко возило во кое се превезувале две лица, едното од нив вперило пиштол кон полицајците, заканувајќи им се дека ќе ги убие, додека другото посегнало по бомбата што му била закачена на појасот. Со брза интервенција, лицата биле совладани. 20 јуни - Вооружен напад врз полициска станица Раште - Скопско. 22 јуни – Македонските безбедносни сили ја почнаа решителната офанзива за чистење на теренот од албанските терористи во селото Арачиново, Скопско. Во близина на гробиштата меѓу селата Арачиново и Брњаци, животот го загубија тројца полицајци, а седум припадници биле повредени. 23 јуни – Двата борбени авиони "Сухој" 25 на македонската воена ескадрила, управувани од пилоти на АРМ, ги извршија првите извидувачки дејства над македонското небо. 24 јуни - Припадниците на ОНА се повлекуваат од Арачиново под заштита на силите на НАТО. 25 јуни - Во напад врз безбедносните сили на РМ, животот го загуби еден полицаец, а пет биле повредени. Од граната биле уништени четири полициски возила. 26 јуни - Кај селата Никуштак и Виштица, кумановско, е нападнат воено-полициски пункт. Од паднатите проектили на ова подрајчќе било предизвикан пожар во посевите со жито. 26 јуни - Во регионот помеѓу селата Лавце и Селце во Тетово, бил нападнат полициски пункт при кое биле повредени двајца припадници на резервниот состав на полицијата. 26 јуни - По повлекувањето на припадниците на ОНА од селото Арачиново, две полициски патроли влегоа во селото со цел да извршат извидување и обиколка на теренот. 26 јуни - Во присуство на полициските сили, истражен судија, јавен обвинитерл и претставници на ОБСЕ и ЕУ, во селото Арачиново започнало претреси и деминирање на објектите на селото. Притоа, биле пронајдени поголеми количества на муниција и оружје, како и на медицински лекови. 30 јуни - Припадниците на т.н. ОНА ги презеле селата Једоарце, Отуње, Варвара и Сетоле.

јули 2 јули – Кај селото Радуша, Скопско, безбедносните сили на РМ водеа една од најжестоките битки против албанските терористи. 2 јули – Кај селото Умин Дол, се повредени две лица од месното население и еден припадник на АРМ. 3 јули – Кај селото Танушевци, во претходна поставена заседа, беше извршен минофрлачки напад врз возило на АРМ, при што животот го загуби еден војник на АРМ, а еден беше повреден. 5 јули – Началникот на Генералштабот на АРМ Панде Петровски и генералот на полицијата Ристо Галевски, од македонска страна, со претставниците на Европската унија и со НАТО потпишаа изјава за прекин на огнот со албанските терористи. Иста изјава потпишаа и претставникот на таканаречената ОНА Али Ахмети, генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон и претставникот за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана. 5 јули – Во текот на целиот ден се пукаше врз безбедносните сили на Македонија, како кај пунктовите Кале, Жичарница, Лавце, Селце, Лешок, СВР Тетово и ПС Теарце. Од овие напади беа повредени 7 граѓани и еден полицаец. Освен ова, кај ПС Теарце биле заробени две лица од македонска националност, вработени како чувари во ХЕК Југохром. 7 јули – Кај месноста Кодра Фура е отворен оган кон караулата на АРМ. 7 јули – Затворен граничниот премин Долно Блаце, поради сомнеж од терористички напади. 8 јули – Заробени и физички малтретирани два жители, еден од село Џепчиште, а еден од Непроштено. 11 јули – Во реонот на Танушевци е повреден еден припадник на АРМ. 13 јули – На подрачјето на Арачиново, МВР спроведе координирана акција на ветеринарниот институт, ЈП Комунална хигиена, Републичкиот завод за здравство и претставници од Општина Арачиново и ОБСЕ, со цел санирање на првичните штети и создавање на услови за враќање на жителите во селото. 18 јули – Три лица во близина на селото Отушиште, тетовско, враќајќи се од работа, биле пресретнати од поголема група на вооружени лица и присилно одведени. Притоа, истите се однесени на непозната локација, во една куќа каде физички биле малтретирани.