Бихор (; ) е округ во Романија, сместен во северозападниот дел на земјата. Главен град на округот е градот Орадеа, а значаен е и градот Салонта.
Географија Местоположба мини|десно|200п|Орадеа е главен град на округот. Округот Бихор е копнен округ во Романија и пограничен кон Унгарија. Окружен е: на север со: Сату Маре; на североисток со: Салаж; на исток со: Клуж; на југоисток со: Алба; на југ со: Арад.
Релјеф Бихор се наоѓа во историската област Кришана. Западниот дел од округот е рамничарски, во кој се простира Панонската низина, додека источниот дел е планински со планината Бихор. Големо значење за округот има реката Киреш, која тече во правец исток-запад.
Демографија Округот спаѓа во повеќенационалните окрузи во Романија. Според пописот во Романија во 2002 година, Романците сочинуваат 67,6% од населението во округот, Унгарците 26%, 5% се Роми, 1,2% Словаци, а 0,2% се припадници на некоја друга етничка заедница.
Надворешни врски
Официјално мрежно место
Категорија:Окрузи во Романија Категорија:Држави и територии настанати во 1940 година Категорија:Држави и територии настанати во 1968 година Категорија:Држави и територии настанати во 1925 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1950 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1938 година