Долгатата кампања на Јанош Хуњади се однесува на војната предводена од страна на Кралство Унгарија на чело со Јанош Хуњади и Кралство Полска на чело со Владислав III против Османлиското Царство. Војната траела од 22 јули 1443 година до 25 јануари 1444 година.

Христијанската војска битките ги започнала во Буда. Таа била составена од унгарски, полски, чешки, германски војници, главно составена од пешадија и коњаница. Подоцна кон христијанскиот сојуз се приклучиле и околу 10.000 Срби. Сепак, за ова не постои точен извор.

Првата битка се случила кај Крушевац, каде Османлиите биле поразени. Јанош Хуњади ја преминал Трајановата порта, и по заземањето на Софија го поразил султанот Мурат II во Смаим. Зимата која следувала го принудела на кралот да се повлече кон своите земји.

Категорија:Европа во 1443 година Категорија:Европа во 1444 година Категорија:Судири во 15 век Категорија:Војни на Унгарија Категорија:Војни на Отоманското Царство