Драмче — село во Општина Делчево, во областа Осоговија, во околината на градот Делчево.
Географија и местоположба Драмче се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Делчево и неговиот атар делумно е ограничен со државната граница со Бугарија. Селото е ридско и од разбиен тип, а се простира на надморска височина од 700-840 метри. Селскиот атар зафаќа површина од 35,2 км2. Од Делчево е оддалечено 15 км.
Историја Според едно предание, селото Драмче било основано од некој дојденец од Драма кој имал четири сина и ги разместил на тој простор. Иако не може да се утврди веродостојноста на ова предание, сепак интересен е податокот дека како дел од женската носија од Драмче е сината саја, која е карактерисична за женската носија од Драмско.
Во почетокот на XX век, Драмче било село во Малешевската каза на Отоманското Царство.
Во Првата балканска војна, од селото имало еден доброволец кој бил дел од Македонско-одринските доброволни чети.Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 844.
Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.
Стопанство Селото има мешовита земјоделска функција. Во неговиот атар преовладуваат шумите на површина од 1.562,2 ха, додека на пасишта отпаѓаат 901,4 ха, а обработливото земјиште зафаќа површина од 815,2 ха.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Драмче живееле 430 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.229. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 400 Македонци.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.140-141.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 288 жители, од кои 287 Македонци и 1 Влав.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 115 жители, од кои 103 Македонци и 12 лица без податоци.
Општествени установи Во селото има основно училиште, фабрички погон за конфекција, земјоделска задруга, продавници и угостителски објекти.
Самоуправа и политика Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1955 година.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина во склоп на Делчевската околија.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на истоимената општина во склоп на Малешевската околија.
Избирачко место Во селото постои избирачко место бр. 0601 според Државната изборна комисија, кое е сместено во објектот на селската месна заедница.
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 201 гласач.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 190 гласачи.
Културно наследство мини|десно|180п|Спомен-куќата на Дедо Митко Од селото потекнува орото Копачка, кое во 2014 година било впишано во претставителниот список на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство. Кон крајот на 2014 година, родната куќа на долгогодишниот ороводец на орото Копачка Димитрија Станоевски (1917-2009), попознат како „Дедо Митко“, била претворена во спомен-куќа, во чија поставка се изложени стари фотографии, објавени текстови во домашни и во странски весници, предмети и инструменти кои ороводецот ги употребувал, како и народните носии во кои го предводел орото. Уредувањето на спомен-куќата било финансирано со средства обезбедени од Министерството за култура, здружението Копачка и Општина Делчево.„Најстариот ороводец дедо Митко доби спомен-соба“. Вечер. 28 октомври 2014.П., Н.. „Куќата на дедо Митко во Драмче ја раскажува приказната за „Копачка“ “. Република. 15 март 2015.
Културни знаменитости мини|десно|180п|Црквата „Св. Архангел Михаил“ Археолошки наоѓалишта Берова Чешма — населба од доцноантичко време Врница — некропола (тумули) од железно време В’чковско Маало — некропола од доцноантичко време Градиште — населба од железно време Градиште I — градиште од доцноантичко време Градиште II - Присој — градиште од римско време Јазова Чука — тумули од железно време
Цркви Црква „Св. Архангел Михаил“ — главна селска црква, културно наследство на Македонија Црква „Св. Петка“ — црква во изградба
Културни установи Спомен-куќа на Дедо Митко — спомен-куќа посветена на ороводецот на орото Копачка Дмитрија Станоевски (1917-2009)
Личности Починале во Драмче Цено Куртев (1877-1905) — бугарски подофицер и член на МРО
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Делчевски села Категорија:Села во Општина Делчево