Селска Нива — археолошко наоѓалиште во струмичкото село Ново Коњарево. Претставува населба од доцноантичкото време.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа на една ниска височинка, оддалечена 3 километри северно од селото.
Опис
На наоѓалиштето се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Има и неколку грамади од насобрани камења.
Поврзано Градиште — утврдена населба од доцноантичкото време и старохристијанска базилика; Црквичка — доцноантичка и средновековна населба; Ново Коњарево; и Список на археолошки наоѓалишта во Струмичко.
Наводи
Категорија:Ново Коњарево