За други значења на поимот Извор, видете на појаснителната страница
Извор — село во Општина Липково, Кумановско.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Жеглигово, во сливното подрачје на Липковска Река, делумно заезерена со акумулацијата Глажња. Атарот е планински, со површина од Од источната страна на селото минува регионалниот пат Опае - Злокуќане (Р29272) кој води до граничниот премин за Косово.
Историја Селото е спомнато се спомнува во Првата архилевичка грамота од 1354/5 г. како дар на деспотот Дејан за црвата во Архилевица. Во 1378-9 г. наследниците на Дејан, Јован и Константин Драгаш, ја дарувале црквата во Архилевица со сите нејзини имоти на манастирот Хиландар на Света Гора.Матанов, Хр. Княжеството на Драгаши, София, 1996, с. 57
На крајот од XIX век Извор било албанско село во Кумановската Каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Извор имал 160 Арнаути муслимани.
Стопанство Извор има скромно земјоделство. Од вкупната површина на атарот, 347 ха се шуми, 163 ха се обработливо земјиште, а само 57 ха отпаѓа на пасишта
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.
Во 1950-тите и 1960-тите, Извор бил населен претежно од Турци, Албанците биле малцинство (17,9 % во 1953, а 12,4 % во 1961 г). Ова се сменило во текот на наредната деценија, која Турците целосно се иселиле, а на нивно место се доселиле голем број Албанци. Сепак, во 1970-тите населението (сега целосно албанско) доживеало голем пад, кој продолжил сè до денес. На пописот од 2002 година, селото имало 4 жители.
Во 2002 година, селото имало 4 жители, сите Албанци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 20 жители, сите Албанци.
Општествени установи Изворска џамија Подрачно основно училиште на ОУ „Фаик Коница“ - Слупчане
Личности Сејфедин Сулејмани (1938-2008) — писател и политичар
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Кумановски села Категорија:Села во Општина Липково