Думановце или Думановци — село во Општина Липково, Кумановско. Денес нема жители.
Географија и местоположба Селото се наоѓа од левата страна на Липковска Река, чиј еден дел е потопен од езерото Глажња. Лежи на надморска височина од 580 м Најсеверниот дел на атарот се граничи со Општина Гнилане во Косово.
Историја Подрачјето на Думановце е населено уште од римско време, за што сведочат археолошките наоѓалишта во неговиот атар.
На крајот на XIX век Думановце било македонско село во Кумановската Каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Думановци имало 245 жители Македонци христијани.
Во 1900 г. според бугарски извори, 34 куќи преминале на страната на српската пропаганда.Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 – 1944 в документи, том 1 1878 – 1912, част втора, стр. 297.
Целото христијанско население на селото било под влијание на српската пропаганда и потпаднало под врховенството на Цариградската патријаршија. Според патријаршискиот митрополит Фирмилијан во 1902 г. во селото имало 36 „српски“ патријаршистички куќи.Извештај од скопскиот митрополит за бројот на куќи под негово водство, 1902 г. По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Думановци имало 312 Македонци кои биле патријаршисти и „србомани“.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.126-127.
Стопанство Селото имало полјоделско-шумарска функција. Атарот зафаќа , од кои 1.041,92 ха отпаѓаат на шуми, 185,3 ха на обработливо земјиште и 52,3 ха на пасишта.
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Македонци.
Иако во минатото Думановце било село со постојан раст на населението (речиси сите Македонци), во поновиот период е меѓу селата со најголем одлив на населението во земјата. Бројот на населението доживеал огромен пад во текот на 1970-тите години, од 605 жители во 1971 г. на само 30 жители во 1981 г.Думановце — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) Ова испразнување на селото се совпаѓа со изградбата на акумулацијата Глажња. Иселувањето продолжило и понатаму, за селото да биде сосема напуштено во 1990-тите. Според пописот од 2002 година, Думановце немало ниеден жител. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Градски Дол — населба од римско време Манастир Св. Богородица — осамени наоди од римско време Селиште — викус (село) од римско време
Иселеништво Според истражувањата вршени во текот на втората половина на XX век за родовите со потекло од Думановце во разни населени места. Речиси сите испитаници се лица чии предци се иселиле од селото во подамешно време.
Агино Село, Оп. Куманово — род Лопатарци, доселени од Лопате, а со подалечно потекло од Думановце Герман, Оп. Ранковце — род Ѓуринци (4 куќи), доселени околу 1839 г. Горно Коњаре, Оп. Куманово — род Думановчани (2 куќи), доселени по Втората светска војна Градиште, Оп. Куманово — род Думанци (6 куќи), доселени во турско време Долно Коњаре, Оп. Куманово — род Јаќимовиќи (1 куќа), доселени во турско време Жељувино, Оп. Старо Нагоричане — род Думановци (5 куќи), доселени во првите децении на XIX век Карабичане, Оп. Куманово — род Кечини (3 куќи) Отошница, Оп. Ранковце — род Коларци (3 куќи), доселени околу 1855 г. Умин Дол, Оп. Куманово — род Думановчани (5 куќи)
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Кумановски села Категорија:Села во Општина Липково Категорија:Раселени села во Македонија