Леништа или Лениште — село во Општина Прилеп од збиен тип, се дели на одавде и оданде маало. Се наоѓа североисточно од Прилеп, десно од патот Прилеп-Кавадарци. Од 1912 година за време на Првата балканска војна селото постепено се раселувало, најчесто во Прилеп. Масовно иселување се случило во периодот од 1961 до 1971 година.

До селото води асфалтиран пат. Над самото село се наоѓа манастирот „Св. Петка“. Соседни села се селата Плетвар и Селце.

Порано на гребенот источно од Леништа имало орман, имало истечни води кои повремено ги движеле селските воденици. Во дворот на манастирот се наоѓаат воденички камења.

Историја Според едно предание, кое го запишал Марко Цепенков, селото Леништа го добило своето име според ленот кој го сееле жителите.

Според преданијата Леништа го основале жителите на соседното раселено село Заполошко пред околу 170 години. Обработливото земјиште на Леништа во поголемиот дел се наоѓа во атарот на тоа раселено село. Во турско обработливата земја претежно им припаѓала на селаните.

Во век, Леништа било село во Прилепската Каза на Отоманското Царство.

Географија и местоположба Леништа се наоѓа на Дрен Планина, североисточно од градот Прилеп.

Топоними Долни мост, Караманица, Врвот, Ливада, Бели камења, Ѓупски преслап, Ѓуле, Устрелец, Манастириште, Илино, Топташ, Ѓогдере, Маркова Чешма, Чумкот, Ралев Камен, Заполшки мост, Пешкојца, Плетварска река, Требеница, Крива Река, Коњарник, Сталеа Пештера, Попова нива, Заволчец, Црквиште, Шаторов Камен, Сарика, Гробот, Бара, Корија, Шута Врба и Мал Дом.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Леништа живееле 380 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.244. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лопатица имало 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 148-149.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Леништа се води како чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 53 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.

1921 година — 44 домаќинства 1948 година — 75 домаќинства — 442 жители 1954 година — 74 домаќинства — 449 жители 1961 година — 92 домаќинства — 419 жители 1971 година — 66 домаќинства — 265 жители

На пописот во 1994 биле попишани само двајца жители Македонци, а на пописот од 2002 година во селото Леништа не биле забележани жители.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.

Родови

Леништа било чисто македонско православно село, во селото имало и староседелски и доселенички родови.

Родови во селото се: Аџијовци (8 куќи), Димовци (6 куќи), Терзиовци (4 куќи), Анѓелевци (4 куќи), Апостоловци (2 куќи) Кочовци (2 куќи), Трајковци (1 куќа), Трпчевци (8 куќи) и Будевци (5 куќи) доселени се од соседното сега раселено село Заплошко, во родот Будевци се знае следното родословие: Ѓоргија (жив на 84 г. во 1950-тите) Петре-Ристе-Јовче-Трпе, предокот кој се доселил; Стојановци (10 куќи), Богојевци (7 куќи), Шишковци (3 куќи) и Митревци (2 куќи) некогаш биле еден род, доселени се од мариовското село Вепрчани; Белушани (11 куќи) доселени се од сега албанското село Белушино кај Крушево, доселени се во 1878 година, дошол Стојче со неговите 5 синови; Домазетовци (1 куќа) најмлад род во селото, потекнуваат од домазет доселен од селото Беловодица.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1425 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 4 гласачи.

Леништа е едно од трите избирачки места во Македонија со најмал број запишани избирачи само тројца. Дури и тие не живеат во селото, туку во ПрилепКанал 5, Најмало и најголемо избирачко место, 31.05.2008А1 телевизија, Во Македонија има 145 сосема испустени села, 13.04.2005.

Општествени установи thumb|250px|Црквата Св. Петка во истоимениот манастир во Леништа. thumb|250px|Спомен-обележје Карпалак, во Леништа, во знак на почит кон учесниците во воениот конфликт 2001-2002 во Република МакедонијаВечер, ОДБЕЛЕЖАНА ШЕСТГОДИШНИНАТА ОД КОНФЛИКОТОТ КАЈ КАРПАЛАК, 9.08.2007Здружение на резервни воени обврзници 2001-2002 , РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ И АКТИВНОСТИ, пристапено на 05.04.2010

Селската црква „Св. Атанасиј“, изградена е пред околу 100 години. Покрај црквата се наоѓаат и гробишта. Манастир Св. Петка, во чиј состав се наоѓа црквата посветена на Св. Петка. Иконите во манастирот ги има изработено Благоја АтанасоскиНова Македонија, Живописувањето е божји дар, пристапено на 05.04.2010. На патот кој води од селото до манастирот Св. Петка во август 2005 поставена е спомен плоча од страна на МО на РМ (инженериски полк) по иницијатива на здружението на резервни воени обврзници.

Настани Селскиот панаѓур е на Св. Атанас Летен.

Акција за пошумувањеМинистерство за животна средина и просторно планирање, Акција за пошумување во с. Лениште - Прилеп, 25.09.2005.

Личности Ѓоре Спирков (1870 - 1907) - македонски револуционер на ВМОРО Методија Андонов - Ченто (18 август 1902 – 24 јули 1957) - македонски национален борец, политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ кој има потекло од Леништа Јоска Јорданоски – Сандански (7 април 1921 - 3 мај 1942) − македонски комунист, учесник во НОВ, првоборец.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Прилепски села Категорија:Села во Општина Прилеп Категорија:Села во Македонија