Лана-Дил (герм. Lahn-Dill-Kreis) — округ во западниот дел на покраината Хесен, Германија. Се граничи со окрузите Зиген-Витгенштајн, Марбург-Биденкопф, Гисен, Ветерау, Горен Таунус, Лимбург-Вајлбург и Вестервалд.

Историја Во 1977, округот Гисен е споен со окрузите Вецлар и Дил, сочинувајќи го новиот округ Лана-Дил. Подоцна е утврдено дека округот е преголем, па затоа во 1979 Гисен отпаднал и повторно станал самостоен округ.

Географија Најважни реки во округот се Лана и Дил, според кои е наречен. Теренот е планински, со Вестервалд на запад, Таунус на југ, Ланско-дилскиот ридски крај на исток и Ротаргебирге (во Зауерланд) на север. Највисоката точка (671 м) се наоѓа близу Ритерсхаузен (дел од Дицхелцтал), а најниската (135 м) — во долината на Лана во Бискирхен (дел од гратчето Лојн).

Населени места Нас. местаОпштини Аслар Браунфелс Вецлар Диленбург Золмс Лојн Хајгер Херборн Бишофен Брајтшајд Валдзомс Грајфенштајн Дицхецтал Дридорф Ерингсхаузен Ешенбург<li>Зигбах <li>Зин <li>Ланау <li>Митенар <li>Хитенберг <li>Хоенар <li>Шефенгрунд

Наводи

Надворешни врски

Лана-Дил - окружен портал Мрежна заедница на Лана-Дил

Категорија:Окрузи во Хесен Категорија:Вецлар