Васил Толевски (роден на во ) — македонски сатиричар и хуморист, кој пишува афоризми, хуморески, монодрами, скечови и сатирични текстови.

Животопис

Васил Толевски потекнува од семејство кое е прогонето од Егејска Македонија. Од 1957 до 1960 живее во Земун, а од 1961 година е со постојано место на живеење во Скопје. Завршил Машински факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Долги години работел во фабриката за автобуси ФАС „11 Октомври“, а после нејзиното затворање се вработил во ЈСП - Скопје.Легализација на дивоградбите со комуналии на рати , куса биографија од Утрински весник

Долги години, покрај хуморот и сатирата, се занимава и со политика и спорт.АПЕТИТИ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЗА ИСПРАЗНЕТАТА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА ФОТЕЛЈА , информација од Вест Бил советник во Советот на општина Ѓорче Петров, советник во Советот на град Скопје и в.д. градоначалник на општина Ѓорче Петров.Васил Толевски претседател на Советот на Ѓорче , статија во Вест"Метропола" е партнер на Градот и на граѓаните Изјава на Толевски за Дневник

Васил Толевски спортската кариера ја започнал како фудбалер во пионерскиот и младинскиот состав на ФК Вардар. Од 1975 година е активен ракометар, а потоа и тренер во женскиот ракометен клуб, РК Кометал Ѓорче Петров, како и тренер на женската младинска репрезентација на Македонија во ракомет.Ракометот во душата, ќерките во срцето, интервју за Вечер Има издадено три книги за ракометот („Pакометен практикум„, „Ракомет-техника и тактика” и „Ракомет во основните училишта”), како и книга од техничката област, за користење на природниот гас во сообраќајот, („Компримираниот природен гас во средствата за јавен превоз”).

Бил уредник за хумор и сатира во „Студентски збор” (весник на студентската младина на Македонија). Главен и одговорен уредник и основач, на весникот за хумор и сатира „Македонски остен”, како и уредник за текст во весникот за хумор и сатира „Остен”. Член на редакциските тимови на неколку електронски весници на Балканот.Васил Толевски отвори мрежно место за контакт со гласачите, преземено од НетПрес Во Македонија е покренувач на едицијата „Светска сатира” (издавачка куќа МАКФОРМ), во која се објавени неколку книги на балкански сатиричари. Во Белград е покрената едицијата „Македонска книжевност” (издавачка куќа АЛМА), во која се објавени неколку капитални дела од македонски автори.авторот Васил Толевски, издавачка куќа Алма

Неговите афоризми се преведени на германски, англиски, романски, полски, бугарски, италијански, шпански, словенечки и српски јазик. Дел од неговите афоризмите се поставени на мрежните места во Италија, Полска, Романија, Србија, Босна и Херцеговина и САД.

Прв странски автор кој е примен за член на најголемата организација на сатиричари во Европа, БАК (Белградски афористЗакосен текстски круг) во Србија. Редовен учесник на традиционалните меѓународни фестивали на хумор и сатира: „Сатира фест“ (Белград-Србија) како и на средбите на сатиричарите од бившите ЈУ-републики - „Денови на хуморот и сатирата” (Пљевља – Црна Гора).Македонскиот афорист Васил Толевски ќе учествува на Југословенските денови на хумор и сатира од НетПрес

Покрај антологиската и авторската активност во областа на хуморот и сатирата, преведува афоризми од балканските автори. Досега има преведено и објавено афоризми од над 170 автори од Балканот. Има преведено афоризми на македонски автори и објавени во едицијата „Афоризми и афористи”.Aphorisms by Vasil Tolevski преземено од All Aphorisms, All The Time

Неговите афоризми се објавувани во ЕТНА, Јеж, НОСОРОГ, СатирАрт, Остен, Македонски остен, Жикишон, Политика, Вечерни новости, НИН, Време, Тоти лист, Стршел, Елбус Лингва, Крагуевачки новини, Енигматика, Ужичка недела, Вјесник, Губер... на радио и телевизиски настапи, на настапите на фестивалите на хумор и сатира во Белград, Шабац, Пожаревац, Ниш, Алексинац (Србија), Бјелина (Босна и Херцеговина), Пљевља (Црна Гора), Скопје, Струмица, Велес, Радовиш, Делчево, Виница...

Дела „Четири чекори до вистината“ (Студентски збор-Скопје, 1988) „Музика за глуви“ (самоиздание, 2006) „Исусе, Луцифер нѐ вика“ (Алма-Белград, 2007-македонско/српски) „Нашите пријатели (Макформ-Скопје, 2007) „Антологија на македонскиот афоризам“ (Алма-Белград, 2007 - македонско/српски)Објавена е првата антологија на афоризми, од bukvar.mk „Антологија на македонскиот афоризам“ (Алма - Белград, 2007) „Антологија на балканскиот афоризам 1 и 2“ (Алма - Белград, 2008 - македонско/српски) „Нашите пријатели 2“ (Алма - Белград, 2008) „Македонијо, мајко, кој ми е татко?“ (Алма - Белград, 2010 – на српски јазик) „Бисери на балканскиот афоризам 1 и 2“ (Алма - Белград, 2010 – на српски јазик) „Бисери на балканскиот афоризам 3“ (Алма - Белград, 2011 – на српски јазик) „Антологија на балканскиот афоризам“ (Макформ-Скопје, 2012) „Библија за неверници“ (Макформ-Скопје, 2013.) „Врели мразови - Антологија на македонскиот афоризам“ (Македонија презент-Скопје, 2013.) „Библија за неверници“ (2013. – на полски јазик) „Маде ин Мацедониа“ (Макформ-Скопје, 2014.) „Кочење во тројка“ (со Миле Ѓорѓијоски и Димитар Илиев, 2014.)

Награди и признанија

Тој е првиот странски автор, добитник на престижната награда „Радоје Домановиќ”, како најдобар светски сатиричар за 2007 (прогласен за Екселенција на сатирата за светски придонес на сатирата).Наградите на В. Толевски, информација од НетПресIntervju AFORISTIČAR VASIL TOLEVSKI Етна, број 76 Добитник e и на наградитe:

„13 Ноември” на град Скопје за 2008 г., од областа на публицистиката; „Драгиша Кашиковиќ” (Србија - 2008) за најдобра балканска антологија; „Трим еротикон” (Струмица - 2007) за блок еротски афоризми; „Шабачка чивијада” (Србија - 2007 и 2008) за афоризми и сатирична приказна; „Ин Виница Веритас” (Виница - 1994) за монодрама и хумореска; „Јежев хумор” (Србија - 1998 г.) за хумореска на годината; втора награда во Параќин (Србија) – “Жикишон 2007“; трета награда за афоризам во Пожаревац (Србија) – “М.Илиќ 2007“; „Златен прстен” во Бјелина 2011 (БиХ);Толевски со награда на Меѓународен фестивал на хумор и сатира од весникот Нова МакедонијаСатиричарот Васил Толевски награден во БиХ од весникот Дневник “Златен круг” на Сатира фест 2012 (Србија);„Златен круг“ за македонскиот сатиричар Васил Толевски од македонското издание на КурирНаграда за македонскиот сатиричар Васил Толевски, од порталот Иди Види “Наџи Нааман - 2012” (Либан) - за литературна имагинација;Сатиричарот Толевски добитник на престижна награда во Либан, информација од Grid.mk „Носорог од Прв ред”, како најдобар балкански сатиричар за 2012 година (Бања Лука – БиХ). „Трајни вредности” на фестивалот во Делчево, 2013. „Златна значка” од Министерство за култура на Србија, 2013. „Македонски сатир” за врвно сатирично творештво, 2014. „Милован Илиќ Минимакс” за севкупно сатирично дело и работа. „Улични Ерски кабаре” (Чајетина-Србија,2014.)

Член на Друштвото на писатели на Србија.

Член на БАК (Белградски афористки круг).

Член на Здружение на новинари на Македонија.

Претседател на Здружението на хумористи и сатиричари „Остенови“ - Скопје

Дел од творештвото

Наводи

Надворешни врски Официјалното мрежно место на Васил Толевски Етна - часопис за сатира Носорог - портал за хумор, сатира и карикатури Афоризми на Васил Толевски во Романија

Категорија:Хумор Категорија:Македонски комичари Категорија:Македонски афористи