Морено Торичели (роден на 23 јануари 1970 година во Ерба) — поранешен италијански фудбалски тренер и играч од одбраната.

Биографија За време на неговиот период во , од страна на Роберто Баџо бил наречен Џепето, прекар што го придружувал во текот на целата негова кариера.

Неговата прва сопруга Барбара, со која се оженил во 1995 година, починала во 2010 година од леукемија. Со неа тој има три деца. Откако останал вдовец, ја напуштил својата тренерска кариера и се пензионирал со своите деца во Лилианс, од каде што е неговата втората сопруга.

Од средината на 2010 година, тој повремено работел како колумнист за каналот Јувентус ТВ и за Rai Sport.

Клупска кариера Почетоци Играјќи на позицијата бек, својата кариера Торичели ја започнал во екипата Пулчини дела Фолгоре Верано. Скаутиран од луѓе на Комо, тој заминал на проба во овој клуб, но откако не успеал да импресионира се вратил назад во базата. Во екипата на Верано Брианца тој стигнал да игра со првиот тим во првенството 1987-1988. На крајот на сезоната, тој бил продаден во Оџионо, веднаш откако клубот од Ломбардија изборил пласман во лигата Промоционе. Тој останал во дресот на рособлу две години пред да биде продаден на , во Серија Д.

Јувентус На почетокот на 1990-тите години, Торичели работел како столар во фабрика за мебел во Брианца и играл фудбал само како хоби, но благодарение на пријателскиот натпревар одигран во 1992 година, помеѓу неговиот Каратезе и една од најистакнатите екипи во Италија - , неговиот живот ќе се промени од корен: во пролетта 1992 година тој им се приклучил на бјанконерите на пробен период, импресионирајќи го позитивно тренерот Џовани Трапатони; следното лето тој бил купен за 50 милиони лири.

Дебитирал во Серија А на 13 септември 1992 година, во натпреварот на домашен терен против , кој завршил со победа на бјанконерите со 4-1. Тој веднаш станал постојан стартер во почетната постава на Јувентус, кои во таа сезона го освоиле Купот на УЕФА совладувајќи ја германската во финалето. Во истото тоа натпреварување, Торичели го постигнал својот прв гол во дресот на Јувентус, во победата со 6-1 во Торино над кипарскиот Анортозис Фамагуста.

Двете најдобри сезони во кариерата на играчот биле 1994-1995 и 1995-1996: во текот на овие две сезони тој ги освоил скудетото, Купот на Италија, Суперкупот на Италија и Лигата на шампионите, а последователно успехот во Европа му овозможил да ги освои и Интерконтиненталниот куп и Суперкупот на Европа. Во меѓувреме, на 10 септември 1995 година, тој го постигнал својот прв гол во Серија А, во победата со 4-0 над . Неговиот трет и последен гол за Јувентус, го постигнал во победата со 4-0 на гостувањето кај во Лигата на шампионите.

Во последните две негови сезони во Торино 1996-1997 и 1997-1998, тој сè уште е протагонист, помагајќи му на Јувентус да освои уште две нови национални титули и достигнувајќи до уште две финалиња во Лигата на шампионите.

Вкупно за Јувентус одиграл 230 натпревари и постигнал 3 гола.

Фјорентина и последните години од кариерата Во летото 1998 година, Торичели - откако во меѓувреме завршил на маргините во екипата на Јувентус - побарал и добил да биде продаден на ; една од главните причини за изборот и доаѓањето во Фиренца била можноста повторно да соработува со Трапатони, тренерот кој го открил шест години порано и многу го почитувал како играч. Дебитирал за виола на 12 септември 1998, играјќи од почеток до крај во победата со 2-0 на домашен терен во тосканското дерби против ; својот прв гол за клубот го постигнал на 10 ноември истата година, во победата со 4-0 над во Купот на Италија.

Тој одиграл три сезони во Тоскана, освојувајќи еден трофеј во Купот на Италија 2000-2001, сè до летото 2002 година кога Фјорентина паднала во економски банкрот.

После шест месеци без договор, во јануари 2003 година, Торичели за прв пат ја напуштил татковината и се преселил во Шпанија каде потпишал за екипата на Еспањол. Дебитирал во шпанскиот фудбал на 2 февруари 2003, во натпреварот Еспањол - 2-2, во кои играл до 72-рата минута пред да биде заменет од Иван Амаја. За сезона и половина во каталонскиот клуб, тој одиграл вкупно 34 натпревари без постигнат гол.

Во ноември 2004 година, тој се вратил во Италија придружувајќи и се на екипата на , во Серија Б; истиот месец го направил своето деби за клубот а воедно и за првпат во кариерата заиграл во натпревар во Серија Б, против Катанцаро. Својата авантура со Арецо, ја завршил со 26 настапи и 2 гола, помагајќи му на клубот да опстане во лигата.

Во летото 2006 година, како слободен играч, тој кратко тренирал со играчи без договор пред да објави дека ја завршува својата играчка фудбалска кариера.

Репрезентативна кариера Во периодот помеѓу 1996 и 1999 година тој добил 21 повик во италијанската репрезентација, остварувајќи 10 настапи. Откако го направил своето деби на 24 јануари 1996 година во пријателски натпревар против (италијанците победиле 3-0), тој бил избран од селекторот Ариго Саки во тимот за Европското првенство 1996 во Англија, каде настапил само на последниот натпревар од групната фаза ( - Италија 0-0), после кој Аѕурите биле елиминирани од турнирот. Подоцна бил повикан од селекторот Чезаре Малдини за Светското првенство 1998, на кое сепак не одиграл ниту еден натпревар. Тој останал во репрезентацијата и во првите месеци од управувањето на новиот селектор Дино Ѕоф, забележувајќи го последниот настап на 10 февруари 1999 година во Пиза, во пријателскиот натпревар Италија - 0-0.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Клупска статистика Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 1988-1989 Оџионо Екел. 15 0 - - - - - - - - - 15 0 1989-1990 Екел. 34 0 - - - - - - - - - 34 0Вкупно Оџионо 49 0 - - - - - - 49 0 1990-1991 Д 27 2 - - - - - - - - - 27 2 1991-1992 Д 30 1 - - - - - - - - - 30 1Вкупно Каратезе 57 3 - - - - - - 57 3 1992-1993 А 30 0 КИ 8 0 КУ 10 1 - - - 48 1 1993-1994 А 32 0 КИ 1 0 КУ 8 0 - - - 41 0 1994-1995 А 26 0 КИ 6 0 КУ 9 0 - - - 41 0 1995-1996 А 28 1 КИ 2 0 ЛШ 8 1 СИ 1 0 39 2 1996-1997 А 17 0 КИ 3 0 ЛШ 5 0 СУ+ИнтК 2+1 0 28 0 1997-1998 А 20 0 КИ 6 0 ЛШ 7 0 СИ 0 0 33 0Вкупно Јувентус 153 1 26 0 47 2 4 0 230 3 1998-1999 А 31 2 КИ 9 1 КУ 2 0 - - - 42 3 1999-2000 А 15 0 КИ 2 0 ЛШ 6 0 - - - 23 0 2000-2001 A 24 0 КИ 5 0 КУ 0 0 - - - 29 0 2001-2002 А 29 0 КИ 0 0 КУ 3 0 СИ 0 0 32 0Вкупно Фјорентина 99 2 16 1 11 0 0 0 126 3 јан.-јун. 2003 ПД 18 0 КШ 0 0 - - - - - - 18 0 2003-2004 ПД 15 0 КШ 1 0 - - - - - - 16 0Вкупно Еспањол 33 0 1 0 - - - - 34 0 2004-2005 Б 26 1 КИ 0 0 - - - - - 26 1Вкупно во кариерата 417 7 43 1 58 2 4 0 522 10

Репрезентативна статистика Извор:

Фудбалска репрезентација на ИталијаГод.НастГол199650199700199840199910Вкупно100

Титули Клупски Јувентус Серија А : 3 1994-1995, 1996-1997, 1997-1998 Куп на Италија : 1 1994–1995 Суперкуп на Италија : 2 1995, 1997 Куп на УЕФА : 1 1992-1993 Лига на шампиони : 1 1995-1996 Суперкуп на Европа : 1 1996 Интерконтинентален куп : 1 1996

Фјорентина Куп на Италија : 1 2000–2001

Наводи

Надворешни врски Профил на Морено Торичели на soccerway Профил на Морено Торичели на transfermarkt Профил на Морено Торичели на espn Профил на Морено Торичели на tuttocalciatori

Категорија:Живи луѓе Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Фјорентина Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Родени во 1970 година